March 28, 2024, 11:26 am

ЗДРАВКО САВЕСКИ ЗА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: Човекот воопшто не е независен пратеник, тоа е брутална манипулација на гласачите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното гостување во емисија „Анализа“ на телевизија 24 Вести, членот на Левица, синдикалец и активист на Шарената револуција, Здравко Савески буквално го разобличи и лажниот револуционер и пратеникoт од редовите на СДСМ Павле Богоевски. Савески револтиран од власта рече дека таа е крајно арогантна и со леснотија ги троши парите на граѓаните.

Савески рече дека Богоевски воопшто не бил солидарен како соборец и дека неговото наводно позиционирање како независен пратеник е класична манипулација пред граѓаните.

– Наводно си независен пратеник, не знам некако твоето досие на гласање кажува дека баш и не си многу независен освен ако ти и сличните како тебе не сте му дале ново значење на терминот независен од типот на -дека ништо не зависи од вас, рече Савески.

Павле Богоевски немаше одговор на ова и го премолче.

Савески додаде дека тој и многу други активисти на така наречената шарена револуција и обичните граѓани на Република Македонија, освен ароганцијата што ја има владата на СДСМ не можат да ја поднесат и леснотијата во трошење народните пари, поставување на луѓе пријатели во органите на власта без конкурси, а доколку има конкурси тие се наместени, поставување на вицепремиер – крупен капиталист, кој треба да ја контролира економската политика во корист на газдите.

– Значи ги имаме парите сме им ги зеле на граѓаните и сега ќе си ги трошиме како што сакаме. Тоа е нешто што многу граѓани разочарува, бидејќи тврдеа дека биле различни, кажа Савески.

Савески во текот на дебатата истакна дека Левица е партија на сиромашните, работниците и обезправените, а дека моменталната власт на СДСМ е партија на крупниот капитал, потенцирајќи дека тој не прифаќа да служи на тие интереси.

Според Савевски шарената револуција ја критикувала ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа требало да продолжи и со актуелната власт, но дека тоа Богоевски, кој е сега во власта не го прави.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This