March 28, 2024, 11:38 pm

ЗИЈАДИН СЕЛА ХОСПИТАЛИЗИРАН ВО ШВАЈЦАРИЈА: „Нова Македонија“ известува за влошена состојба на Зијадин Села и успорување на преговорите за влада?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако мандатарот Зоран Заев најави брзо формирање на новата влада, од објективни причини тоа сепак нема да оди толку брзо. Имено, за жал, здравствената состојба на еден од клучните партиципиенти во преговорите за состав на новиот кабинет, лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, се влошила и тој морало да биде хоспитализиран надвор од Македонија. Како што е познато, Села беше сериозно повреден при инцидентот во Собранието на 27 април, по што беше итно префрлен во една од скопските клиники, каде што му беа дијагностицирани повеќе сериозни повреди – стои во текстот на дневниот весник „Нова Македонија“

zijadin-sela-1

Само по еден ден тој беше префрлен во тетовската клиника, каде што беше задржан поради контузија на мозочно ткиво, хематом и фрактура на черепот. По неколкудневен медицински третман, тој беше пуштен на домашно лекување во Струга. Иако од неговата партија брифираа дека здравствената состојба на Села е подобрена, напротив, ситуацијата се влошила поради сериозни невролошки проблеми. Поради сето ова, Села деновиве е префрлен на лекување во странство, поточно во Швајцарија. Поради таквите објективни околности се доведени во прашање неговото неопходно присуство и активно учество во преговорите за состав на новата влада. – пишува „Нова Македонија“

25 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This