March 28, 2024, 10:02 am

ЗОВРИВААТ ТЕНЗИИТЕ И ВО СРБИЈА: Албански градоначалник од Прешево како Села од Струга – сега бил моментот за Голема Албанија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на општина Бујановац Јонуз Муслиу изјавил дека Тирана има поддршка за „обединување на Албанија и Косово“, ако изостане европската перспектива, но не без Прешево

musliu

Муслиу во изјава за агенцијата „Прешева“ рекол дека ги поддржува изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи за унија на Албанија и Косово.

„Унија на Албанија со Косово без Прешевската долина, без Медвеѓе, Бујановац и Прешево е бесмилена. Сега е клучен момент Албанија и Косово да им покажат на Србите дека тоа е дел од Албанија во кој не треба да се чепка“, рекол Муслиу.

Тој додава дка Рама и Тачи имаат морална обврска во ова „спојување“ да го вклучат, како што вели и источно Косово.
А, ако тоа не се случи, Муслио смета дека тоа ќе биде „национално предавство“.

Муслиу тврди дека Прешево, Медвеѓе и Бујановац се составен дел од „државата Косово“, од која се „насилно одвоени“.

„Затоа ја водевме нашата ослободителна војна. Оваа цел постои запишана во срцето и духот на албанскиот народ. Тоа е потврдено и на 1 и 2 март 1992 година и ние немаме право да се откажеме од нешто за што се жртвуваа припадниците на ОВПБМ“, рекол Муслиу.

Муслиу вели дека е свесен дека ова нема да им се допадне на Србите, како што не им се допаднало и отцепувањето на Косово.

„Без Ниш, ова не е голема Албанија и Србија дури треба нам да ни биде благодарна што Албанците бараат обединување на само на Албанија, Косово и Прешевската долина“, вели Муслиу.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This