ЗОШТО НЕПОСРЕДНО ПРЕД ИЗБОРИТЕ СЕ СМЕНИ ПЕЧАТНИЦАТА: Фалсификатот на изборите се крие во печатењето на дупли ливчиња?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси и да нема избирачко место во цела Македонија, во секоја општина, град или село каде што нема сомнеж за направен т.н. „бугарски воз“ или некоја друга малверзација со изборните ливчиња

 

До рано утринава ДИК расправаше по приговорите на политичките партии за прекршување на избирачкиот процес, но за жал и покрај видливите повреди на законот и шаблонот на прекршоци кој се повторуваше од место во место, членовите на ДИК од СДС не најдоа за сходно да изгласаат ниту еден, замижувајќи пред очгиледниот изборен фалсификат.

Од дупли ливчиња, до ливчиња кои недостасуваат или пак се вишок. Изборни ливчиња од една во друга општина каков што беше примерот со изборните ливчиња од општина Карпош кои се најдоа во општина Охрид, или пак оние од Велес во Струмица.

Во Ресен дури беа пронајдени ливчиња со ист сериски број, што укажува на тоа дека можеби биле печатени паралелни гласачки ливчиња. Едни согласно нарачката на ДИК, а другите согласно нарачката на СДС.

Ова, дотолку повеќе отвара сомнеж ако се знае дека печатницата во која се печатеше изборниот материјал беше избрана, односно сменета непосредно пред изборите. До тогаш, традиционално и никогаш со проблеми, избирачкиот материјал го печатеше печатницата „Киро Дандаро“.

Со одлуката на ДИК, во последен момент се одбра печатницата „Полиестердеј“ истата онаа печатница која ги печатеше пропагандните материјали на „шарената револуција“, „Отпор“, и сите останати изборни циклуси во кои СДС зема учество.

Денес, и ВМРО-ДПМНЕ фрли сомнеж врз работењето на печатницата, имајќи во предвид дека во Ресен беа пронајдени ливчиња со ист сериски број, што според Спиро Ристовски може да укажува на фактот дека всушност биле испечатени двојни ливчиња.

Од она што го дознаваме, дефинитивно постои место за сериозен сомнеж во работењето во печатницата, особено ако знаеме дека додека се печател избирачкиот материјал, полицијата немала пристап до просториите каде што се подготвува истиот, иако со закон нивното присуство е задолжително. Наместо тоа полицијата немо набљудувала, додека се случувале работи кои вообичаено и со закон се забранети.

На пример, дознаваме дека во периодот додека се печати изборниот материјал тие нотирале влез и излез на возила, без притоа да биде извршена контрола врз истите. Освен ова, посочено е дека во печатницата неколкупати пристигнувале функционери на СДС, а во „контрола“ бил и еден амбасадор.

Сето ова дополнително ја разоткрива нелегалноста на овие избори, и фрла длабока сомнеж врз легитимитетот и законитоста на изборите.

Ова надополнето со секојдневните притисоци од страна на полицијата која е ставена во служба на партијата на власт, поткупот со најразлични материјални добра (од зејтин до пари), незаконските вработувања и непочитувањето на законот за избори, дефинитивно може да се објасни како изборен грабеж.

Ваков сомнеж истакна и политологот и екс-помошник министер во МВР Наталија Ивчева, која ден по изборите сомнежот за евентуален изборен грабеж го фрли токму на печатницата.

Од печатницата не успеавме да добиеме одговор на телефоните кои се јавно истакнати на официјалната веб страница.

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This