По набавката на девет нови хеликоптери „Ербас“, во западните медиуми се појави информација дека Србија ќе добие уште четири половни од Германија
Германија на Србија ќе и донира четири користени воени хеликоптери тип Х145М, пишува британскиот воен магазин „Џејнс дефенс викли“. Магазинот кој се бави со глобални воени теми и активности на воената индустрија се повикува на непотврдени извештаи.
Како што наведуваат, со тоа српската војска би имала флота од десет вакви повеќенаменски хеликоптери, по потпишувањето на договорот за набавка потпишан на 28. декември со кој Србија набавува шест хеликоптери Х145М за војската и три за полицијата.