April 26, 2024, 12:24 pm

ИДНАТА НЕДЕЛА РЕКОНСТРУКЦИЈА: Заев и Ахмети планираат реконструкција на владата идната недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Привршуваат разговорите меѓу премиерот Зоран Заев и потенцијалните нови парнери во владејачкото мнозинство, така што, според партиски извори, во текот на следната недела се очекува да бидат познати детали за тоа кој политички субјект ќе ѝ се приклучи на коалицијата на СДСМ и на ДУИ – известува „Независен весник“

Најавите, како сто дознава „Независен. мк“, се дека кон владејачкиот блок ќе се приклучи едно од крилата на Беса, веројатно т.н. скопско предводено од Африм Гаши, кое располага со три пратенички гласа. Не се исклучува ниту можност да се официјализира соработката со пратеникот Амди Бајрам од Сојузот на Ромите, кој пред неколку месеци ја напушти опозициската коалиција и главно гласа како и парламентарното мнозинство. Проценките се дека парламентарното мнозинство би можело да стигне до близу седумдесет пратеници доколку кон него се приклучат уште неколку парламентарци од помалите партии , како ДПА или некои од досегашните партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Според најавите, сите нови партии во коалицијата нема да добијат места во владата, туку можеби ќе им припаднат некои раководни функции во државни и јавни институции. На тој начин, се очекува да се санираат честите проблеми со кворумот во собраниската сала, во период кога треба да се заокружи рефорнмскиот пакет, како еден од критериумите во интеграцискиот процес.

Покрај проширувањето на мнозинството, се очекуваат и промени на неколку министерски позиции. Покрај пополнувањето на испразнетото министерско место во„правда“, не се исклучени промени во уште некој од ресорите што сега ги предводат кадри на ДУИ, со оглед на неофицијалните информации дека на вчерашната седница на претседателството на партијата било искажано незадоволство од работата на дел од министрите од оваа партија, за што, наводно, има забелешки и од некои од дипломатите во земјава. Кадровските промени во владата што ќе ги договорат коалициските партнери потоа треба да поминат на собраниска седница.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This