Премиерот на Ирак Хајдер ел Абади изјави дека ирачката војска остварила полна победа над терористичката организација ИСИС, како и дека во потполност е воспоставена контрола над границата со Сирија
„Нашите вооружени сили воспоставија полна контрола над ирачко-сириската граница, со самото тоа соопштуваме дека војната против ИСИС е завршена“, рекол Абади.
Абади оценува дека Ирак, благодарение на единството и одлучноста, успеа да го победи непријателот кој дошол „да ја уништи цивилизацијата“.
На крајот на ноември властите соопштија дека е успешно завршено ослободувањето на сите пустински делови на земјата, додека тогаш во тек била операцијата за чистење на терористите од границата со Сирија.