ИЗГОРЕ АРХИВАТА НА СВР КУМАНОВО: Во пожар утринава изгорел секторот за аналитика на СВР Куманово, но и половина од досиеата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Половина од архивата утринава е уништена во пожар кој го зафати секторот за аналитика на СВР Куманово

 

Утрово во 8 часот избил силен пожар во СВР Куманово, во секторот аналитика. Според началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, пожарот благодарение на брза интервенција на противпожарната бригада е локализиран, причина е дотраена електрична инсталација. Според Величковиќ, нема штета по досијеа и материјали од витално значење за работењето на СВР Куманово.

Сепак, од информациите до кои дојде Инфомакс.мк, во опожарениот дел од полициската станица на СВР Куманово се наоѓала голема архивска граѓа сочинета од бројни досиеа, записници и информации од истраги кои се воделе од СВР Куманово. Засега, МВР одбива да го коментира инцидентот, негирајќи дека во тој дел од полициската станица имало важна архивска документација.

Претходно, во пожар изгоре и архивата на секторот за финансиско работење на општина Куманово.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This