April 19, 2024, 11:44 pm

ИЛИЈА НАЈДОВСКИ СЕ ВРАЌА ВО ВАРДАР: Официјално Илија Најдоски нов технички директор на ФК Вардар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илија Најдоски и официјално е претставен како нов технички директор на ФК Вардар.

Најдовски кој за Вардар настапуваше во периодот од 1984 до 1988 година и беше еден од столбовите во одбраната, по 29 години се враќа во редовите на македонскиот првак.

– По долго време повторно се враќам во Вардар. Мило ми е што по 29 години ќе бидам во мојот дом. Што е уште позначајно кам-бекот е во историски моменти, кога Вардар игра во Европа Лигата. Се надевам на добри резултати во соработка со стручниот штаб и со останатите. Верувам дека со моето искуство ќе помогнам околу екипата и спортскиот дел. Зенит беше само еден лош ден, сметам дека против Розенборг тимот ќе биде подобар, изјави Најдоски на денешната прес-конференција.

Вардаровата легенда е само една во низата, што е вклучена во структурите на клубот. Пред него во „црвено-црното“ семејство се врати и Дарко Панчев, тука се и тренерите Чедомир Јаневски, Александар Васоски и Бобан Бабунски.

Со ангажирањето на Најдоски, кој за Вардар одигра повеќе од 100 натпревари, од раководството најавија дека и во иднина ќе продолжат пријатните изненадувања со враќање на дел од легендите во клубот.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This