ИМАЛО И ПОЛОШО: Како бившите лидери на ОВК од Косово станаа угледни инвеститори во малата Црна Гора!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крајно пријателскиот однос на режимите во Приштина и Подгорица ги следи и соработна и поврзување на бизнис план, па контроверзни бизнисмени од Косово се почесто се појавуваат како добредојдени инвеститори во Црна Гора

© AFP 2018/ Eric Feferberg

Дел од црногорската јавност, меѓутоа, посебно замерува на фактот дека позади инвестициите од Косово најчесто стојат бивши припадници и лидери на таканаречената ОВК, а неретко се шпекулира дека парите од Косово се најверојатно стекнати, благо кажано, од сомнителни активности.

Црна Гора без сомнеж се повеќе станува примамлива инвестициона дестинација за косовските бизнисмени, кои, засега, највеќе вложуваат во хотелиерство, туризам и изградба на мали хидроелектрани. Така спремна најновите медиумски натписи компанијата „Плава Хидро Пауер“ од Улцин, која е во сопствеништво на косовскиот бизнисмен и политичар Флорин Красниќи, еден од основачите и главни финансиери на ОВК, има намера во Ѓуричката ријека во општина Плава да изгради две мали хидроелектрани.

Красниќи, имено, до неодамна беше и пратеник на радикалното движење „Самоопределување“ во косовскиот парламент, движење кое и понатаму го финансира, а по сопствено признание, тој лично за време на војната 1998. и 1999. година собрал 30 милиони долари во Америка за купување на оружје за ОВК, за потоа да се врати на Косово каде започнал да ја прави бизнис империјата.

Дека капиталот од Косово се повеќе пристугнува на Црна Гора зборува и одлуката на општина Будва за тоа дека косовскиот бизнисмен Насер Рамај доби дозвола за изградба на 30.000 квадратни метри стамбено-деловен комплекс во центарот на Будва, за што јавноста неодамна го предупреди лидерот на „Движење за промени“ Небојша Медојевиќ, кој нагласи дека т.н. Косово денес „легално шверцува дрога, цигари, оружје, луѓе и мигранти“.

„Сите сериозни извештаи на Интерпол, УНДОК, ДЕА, укажуваат на огромен ризик од перење на пари и финансирање на тероризам. АНБ на Црна Гора мораше да направи безбедносна проценка на потеклото на капиталот кој Насер Рамај го инвестира во Будва“, вели Медојевиќ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This