ИНДИЈА ТЕСТИРАШЕ НОВА РАКЕТА: „Агни V“ е новата ракета на индиската армија способна за нуклеарен удар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индија успешно го спроведе тестирањето на нуклеарната балистичка ракета “Агни-V” изутринва од лансирната рампа (ИТР) на островот Абдул Калам, објави Одиша Сан Тајмс.

Ракетата беше лансирана околу 9:50 часот по локално време (04:20 GMT), објави весникот “Одиши Сан Тајмс”. Лансирањето доаѓа само неколку недели по прославата на 20-годишнината од нуклеарниот тест Похрах, кога земјата изврши пет успешни подземни нуклеарни тестови во пустината Тар.

Индија во моментов поседувапроектили Агни-I со опсег од околу 430 милји, Агни-II, Агни-III, како и Агни-IV, кои се движатво опсег 1.550 и 2.175 милји, и Агни-V со опсег од 3.100 милји. Агни-VI, со опсег до 6.200 милји и способност да биде лансиран од подморница, во моментов е во развој.

Претходен тест на балистичката ракета “Агни-V” беше спроведен во јануари 2018 година.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This