ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА ПОВЕДАТ ИСТРАГА: Хоџа тврди дека Верушевски учествувал во случајот „Сопот“ во кој загинаа Македонски и војници на НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев ја посрамоти Република Македонија со доделувањето на висока функција на Џезаир Шаќири Хоџа. Како што самиот кажа, Заев имал голема доверба во командантот Хоџа, заради неговите компетенции на терен! Зад одлуката на Заев да го именува Хоџа за советник за безбедност застанаа и министрите Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Тие не гледаа ништо контроверзно во именувањето на Хоџа. Голем дел од пратениците и функционерите на СДСМ му го честитаа изборот нарекувајќи го Командант на Владата, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Истиот Хоџа, пред да биде именуван во Владата излегуваше со сериозни тврдења дека друг, сега актуелен советник на Зоран Заев, стои зад случајот „Сопот“. Како виновник за „Сопот“ Хоџа го посочи советникот за национална безбедност во Владата, Зоран Верушевски. Според информациите на советникот Хоџа, советникот Верушевски во тоа време учествувал во организирање на терористички акти со подметнување на бомби во кои загинале цивили, припадници на македонската армија, па дури и НАТО војници. Погледнете и слушнете што зборува Хоџа во медиумите, не толку одамна пред да биде именуван од Заев, рече тој и додаде:

„Да потсетиме, во 2003-тата година двајца припадници на полскиот контигент на НАТО и едно цивилно лице загинаа, а двајца преведувачи беа повредени во експлозија на локалниот пат Сушево – Сопот. Тоа предизвика тензии на безбедносен и меѓуетнички план. Во 2010-та година се слушна пресудата за „Сопот“, 11 жители на селото беа прогласени за виновни и осудени на вкупна казна од 150 години затвор. СЈО на Катица Јанева во 2016 година го побара случајот „Сопот“ во своја надлежност, по што се откажа од гонење на обвинетите за тероризам, бидеќи немало доволно докази и тие беа ослободени од затвор“.

Државните институции, подвлече Стоилковски, сега за ова сведочење мора да поведат истрага за наводите на Хоџа, особено заради тоа што истиот имаше целосна доверба од Заев кој и самиот тврдеше дека Хоџа добро го владеел теренот и имал веродостојни информации.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This