ИНТЕРВЕНЦИЈАТА ЗА 27-МИ ЈА БЛОКИРАЛЕ КАДРИ НА ДУИ: Кадри поставени од Нухиу три часа блокирале интервенција на 27-ми април!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законите не важат за функционерите кои во МВР беа поставени од ДУИ. Ниту еден од одговорните за безбедноста во собранието на 27 април, не е уапсен во случајот во кој ОЈО терети 36 лица терети за тероризам

Како што дознава ИНФОМАКС од полициски извори, во оперативниот штаб за настаните од 27 април биле Бесир Дехари, Ариф Асани, Вајдет Војника и Сали Салихи, сите до еден поставени од тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу.

Овие функционери на МВР на 27 април, кога се случија трагичните настани кога граѓаните упаднаа во Собранието, ја имале командната одговорност. Имено, екс директорот на БЈБ Митко Чавков, е обвинет за тероризам и во моментов се наоѓа во притвор, затоа што полицијата не реагирала на трагичните настани, а тој, како што тврди обвинителството, не одговарал на телефонските повици.

Бесир Дехари, додека се случувале овие настани седел во оперативниот штаб и на хартија, како негов заменик, имал „златна команда“, односно исти надлежности како Чавков, но и покрај тоа тој не презел ништо и 3 часа граѓаните беа оставени во собранието.

Освен заменик директорот на БЈБ, не презеле и оние со „сребрена команда“, кои исто така имале право да наредат интервенција. Вториот кој не е уапсен, Ариф Асани во тој момент беше заменик директор на УБК а Валдет Војника во тој момент беше заменик началник на централни полициски сили.

Сите нивни колеги од МВР, кои се уапсени и обвинети за тероризам имале иста или помала командна одговорност од овие функционери, кои обвинителство, очигледно од политички причини не ги гони и не се наоѓаат во притвор.

Митко Чавков, во изјава за Сител по настаните изјави оти се сомнева дека целиот упад и нереагирањето на полицијата биле сценарио на СДСМ и ДУИ кои сакале да го предизвикаат настанот. Истото го потврди и нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој изјави дека ДУИ и СДСМ знаеле дека настаните ќе се случат и токму затоа неговиот партиски шеф, Али Ахмети, не бил во собраниската сала.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This