ИНТЕРВЈУ СО ДРАГИ ИВАНОВ: Студира на Беркли, прави музика за светски ѕвезди и ниже академски награди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу наши млади ја градат својата кариера на успешни професионалци надвор од Македонија. Драги Иванов е еден од нив, кој заврши две насоки на Berklee College of Music (Колеџ за Музика Беркли во Бостон), електронска продукција и соунд дизајн и музичка продукција и инженерство. Успешно заврши пет годишна програма во четири, и беше награден со две стипендиски награди, една за беспрекорен академски просек и една за најдобар студент на двојниот смер. Со него поразговаравме за неговото школување и првите чекори во музичката индустрија.

 

1.Како успеа да завршиш во толку брзо време на двата најтешки смера на Беркли и да бидеш награден со две стипендиски награди, една за беспрекорен акадмески просек и една за најдобар студент на двојниот смер : Постои ли некоја посебна формула за таков успех што би сакал да им ја пренесеш на младите во Македонија?

Би рекол дека единствената причина за мојот успех е мојот преголем интерес и опседнатост со музика. Премногу го сакам тоа што го правам, што и кога е тешко секогаш нешто ќе се случи што ме потсетува колку сакам ова да го работам отколку било што друго. Најверојатно ова беше најбитниот фактор за мојот успех иако секако ништо од тоа немаше да се случи доколку не бев посветен, работлив и фокусиран на музика во секој момент од денот и не превземавав акција да напреднувам и да се подобрувам.

2. Кои беа твоите почетоци во музичката индустрија? Што беа твоите први планови и дали ги оствари?

По завршувањето на моите студии успеав за брзо време да се вработам како инжинер во студиото на Alex Da Kid. Тој е одговорен за голем број на хитови мегу кои се Love the Way You Lie од Rihanna и Eminem, Airplanes од B.O.B и Hayley Williams, I Need A Doctor од Dr.Dre. Исто така тој е сопственик на продукциската кукја KIDinaKORNER, и под неговата продукциска кукја се потпишани Imagine Dragons,X Ambassadors, Jaime N Commons и Skylar Grey. Како дел од комплексот во кој е сместена ова продукциска кука има 3 студиа. На почетокот, бев само асистент инжинер и работев конкретно само со текстописци, но со текот на времето и постојаниот труд кој го вложував конечно се исплати со тоа што мојата работа беше забележана од Алекс. По неколкуте сесии со Gashi со кои имав шанса да работам, Гаши беше презадоволен од мојата работа, што од тој момент Алекс секогаш бараше јас да сум во студиото кога битни клиенти доаѓаа да работат. Моите први планови беа да можам да продолжам да се наградувам како во музиката така и во бизнисот и да научам како функционира музичката индустрија. Досега имав можност да работам директно со Алекс кој покрај тоа што е успешен продуцент исто така е и успешен претприемач од кој сеуште учам многу. Исто така, работам со многу различни текстописци и артисти од кои имам можност исто така многу да научам. Дефинитивно би сакал да спомнам дека за краток период успеав да снимам за A$AP Ferg, Gashi,Charlotte Day Wilson, Aloe Blac, Allan Rayman и Kelsy Karter мегу другите. Би рекол дека веќе ги надминав првите планови бидејќи немаше никогаш да помислам дека би бил главниот инжинер во продукциска куќа од такво ниво, задолжен за функционирањето на сите 3 студија, снимање, организација и одговорност за песни на кои што се работи, како и директна комуникација со еден од најуспешните музички продуценти.

3.Кои се новите трендови во музичката индустрија во САД? Што би можеле да очекуваме да се случува во музиката? Ќе има ли промени и какви?

Би рекол дека во овој период во музичката индуструја главно жанрови се трап(некои би рекле нова школа хип хоп, кој се дели на различни поткатегории) и рнб(истото важи и за овој жанр, нова школа рнб), меѓутоа се чувстував презаситеност од оваа музика. Од можноста да бидам дел од разговори за што е фокусот на директорите на главните продуцентски куќи е дека во овој момент иако се изгледа дека е исто, исто така тоа е знак дека наскоро ќе има голема промена во музиката, како што се случува на секој 3-4 години. Во следните 18 месеци, Спотифај и другите стреаминг сервиси ќе ги форсираат овие два жанрови, додека максимално не се презасити маркетот со таа музика. Кога тоа ќе се случи, на нивно место ќе дојдат нови жанрови, или варијанти на овие два. Најчесто промената доаѓа од музиката која можеби за секојдневиот слушател не е толку популарна но е музика која зема замав во “underground” сцената, кои младите ја наоѓаат интересна. Последниот ваков феномен беше future bass, жанр кој беше доста популарен и бев свесен за ова уште во 2013, но не стана доминантен жанр за електронската музика и не се префрли во популарна музика додека Chainsmokers не ги изадоа Roses и Closer. Засега сеуште незнам што точно ќе биде тоа нешто ново, меѓутоа промената дефинитивно ќе се случи и ќе биде драстична.

4. Веќе имаш објавено твои песни. Кои се твоите планови, што би можеле да очекуваме од тебе во блиска иднина?

Песните што ги објавив беа предизвик кој си го зададов самиот, да создавам музика со минимален број на инструменти и алатки во компјутер, за да го насочам мојот фокус кон музика отколку технологијата. Издадов два кратки проекти по името Sky Bleu, но ова е само почеток, доколку некој сака да ги ислуша и прочита за креативниот процес и пристат може слободно да најде се на мојата веб страна www.dragiivanov.com. Засега мојата музика не е во прв план, бидејќи мојот фокус е да работам со артисти и да се воспоставам како еден од најуникатните и најбараните продуценти во ЛА, но во меѓувреме дефинитино ќе се потрудам да создавам и моја музика колку што можам. Во последно време размислувам и да работам на ремикси на познати песни, но не ветувам многу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This