March 19, 2024, 11:42 am

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ТАЛАТ ЏАФЕРИ: ВМРО-ДПМНЕ најави гласање на доверба на Талат Џафери во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на Алфа телевизија потенцираше дека сите што го прекршија Уставот, законите и деловникот при донесувањето на Законот за јазиците ќе одговараат за нивните постапки.

-Првиот чекор ќе биде интерпелација за господинот Талат Џафери кој што ја узурпира функцијата претседател на Собранието на Република Македонија и не ја заслужува бидејќи не е достоинствен претседател за сите граѓани во Република Македонија. Има многу причини зошто. Најмалку пет причини, иако моите соработници тврдат дека се повеќе од 10-тина, неговиот начин како го прекрши Деловникот, како ги прекрши Законите, како го прекрши Уставот при обидот да биде донесен овој неуставен и неприменлив закон, вели Мицкоски.

Вториот чекор што ќе го преземе ВМРО-ДПМНЕ е поднесување на кривична пријава за сите оние кои што беа соучесници во овој процес.

– Понатаму ќе следат други чекори кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе против сите оние кои што ќе се обидат да сторат било какво кривично дело, а гледаме дека имаме најава. Апсолутно против секој оној кој што ќе се огреши, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава и ќе чекаме судските органи во тој момент да изјаснат и истите да ги земат во предвид, за сторителите да ги сносат последиците на овој срамен ден за македонската демократија, додаде тој.

Експертската јавност, поточно оние експерти кои не се во тесно партиски врски со владеачката СДСМ едногласно го осудија насилното донесување на законот за јазиците. Тие истакнаа дека е прекршен Уставот, деловникот и законите. За овој срамен настан се изјасни и францускиот амбасадор Тимоние, кој го осуди насилното донесување на законот и истакна дека препораката на Македонија за членство во ЕУ е загрозена по овој чин на власта.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This