April 19, 2024, 12:24 pm

ИРИДЕНТИЗМОТ НЕ Е ОДЛИКА НА МАКЕДОНИЈА, ТУКУ НА ГРЦИЈА: Македонското МНР изненади со реакција каква што заслужува Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не постои никаква основа за стравување во Грција од каков било македонски иредентизам. Истакнувањето на ваква перцепција е во функција на оттргнување на вниманието од реалното попречување на евроинтегративниот процес на Република Македонија, особено по Пресудата на Меѓународниот суд на правдата, од 2011 година.

mnr

Ова се наведува во реакцијата на македонското МНР по повод вчерашните изјави на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

– Од македонска страна, цениме дека во рамките на процесот за градење мерки на доверба, треба да се изнајде решение за сите извори на недоверба од двете страни. Иредентизмот не е одлика на Република Македонија, која континуирано се залага за регионална соработка. Цениме, дека истото треба да биде прифатено и од нашиот јужен сосед, се наведува во соопштението од МНР.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера за време на говорот за грчката надворешна политика во Стопанската комора на Атина порача дека Македонија не може да стане дел од Европската Унија се додека покажува иредентистички тенденции кон Грција околу спорот за името.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This