Искрената исповед на мажена жена: Секојдневно го изневерувам својот сопруг!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една мажена жена решила да ја отвори својата душа и да проговори за животот со својот сопруг, но и со нејзиниот љубовник. Еве зошто не го остава сопругот, но и зошто не сака да ја прекине врската со љубовникот. Приказната за бракот започнува вака:

– Тој е прекрасна личност, но меѓу нас нема хемија. За време на сексот размислувам за тоа што треба да додадам на листата за купување или која песна добро би одела на мојот погреб. „Како ти беше?“ Секако дека лажам, а звучам главно вака: „Ма прекрасно мил мој, како и секогаш досега.

Но, мислам дека и тој како и јас знае дека до оргазам нема да ме доведе, па и да водиме љубов од сега па до Божиќ. Секојдневно го изневерувам сопругот, бидејќи нашиот брак е ужасно досаден. Жеднеам за страст, ми треба вистински маж. Мечтааам за мажи кои се чиста спротивност на мојот сопруг – мажи кои се лукави и кои е тешко да ги контролираш.

Мојот сегашен љубовник е бивш ограбувач на банки, додека другите беа или крадци или трговци со автомобили. Со сегашниот љубовник уживам во див секс после кој сум целосно исцрпена за било што во кревет со мојот маж. Мојот сопруг има навика да легнува доцна, па така јас сум во кревет пред него, а кога тој ќе влезе во собата и ако не спијам, се преправам дека спијам. Мојот проблем е во тоа што во еден миг се чувствувам жива, а веќе следниот ми се гади од себе и чувствувам вина.

Неодамна на една забава го слушнав сопругот како на својот пријател му вели дека ме сака со сето срце и дека не би можел да живее без мене. Додал и дека би умрел кога нешто би се случило со нас. Сега се чувствувам грозно, бидејќи му работам зад грб. И не знам што да правам.

Така ја завршува својата исповед оваа неверна сопруга.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This