ИСПРАТЕНА УДАРНА ГРУПА ВО ЕВРОПА И БЛИСКИОТ ИСТОК: Американската армија го испрати носачот на авиони УСС „Хари С.Труман“ заедно со група од седум воени бродови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската морнарица ќе го испрати носачот на авиони УСС „Хари С. Труман“ на мисија на блискиот Исток и Европа во среда, стои во соопштението на морнарицата на САД

Носачот на авиони ќе тргне на пат заедно со седум други бродови и ќе носи 6.500 морнари. Ќе патува заедно со германската фрегата ФГС „Хесен“ во првиот дел од патувањето.

УСС „Хери С. Труман“ ќе ја заемни ударната група на носачот УСС „Теодор Рузвелт“, која неодамна ја заврши четиримесечната мисија на блискиот исток.

Разурнувачот УСС „Доналд Кук“ кој со себе носи крстосувачки ракети „томахавк“ исто така го напушти Кипар и се движи кон истокот на Средоземното море, според претходните извештаи. Воените бродови од класата „Арлеј Бурк“ носат 60 крстосувачки ракети „томахавк“.

Воените маневри доаѓаат во време кога Белата Куќа се закани со воена акција против Сирија поради наводниот, и засега недокажан хемиски напад на сирискиот град Дума. Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со неговите советници за да реши за понатамошни активности.

„Имаме многу воени можности, ќе ве известиме набрзо“, рече Трамп во понеделникот.

Руската армија, која изврши истрага на информациите за наводен хемиски напад, изјави дека воопшто нема траги од употреба на хемиски оружја.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This