March 28, 2024, 10:10 pm

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА: Два дена пред да го сменат знамето имаше атентат врз Глигоров, сега го заплашуваат народот за да го сменат името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 

(ФБ статус на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Србов)

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Бруталниот политички прогон кој го спроведува власта е со цел да се заплашат и замолкнат граѓаните во Република Македонија. Овој прогон не е замолкнување само за моменталните погубни политики, овој прогон е дисциплинирање на народот пред промената на уставното име на државата. Нив им е потребен уплашен народ кој ќе се плаши да излезе на масовен протест кога ќе дојде денот за таа одлука. Нив им е потребна десеткувана и парализирана опозиција да не може да го поведе народот.

Два дена пред да го сменат старото државно знаме на Република Македонија се случи атентат врз тогашниот претседател Глигоров. Кога се случи промената на знамето сите граѓани беа уплашени и зборуваа само за атентатот. И ние помладите помниме, никој не говореше за промената знамето. Денеска, пред промената на името брутално апсат и заплашуваат, сакаат исто како тогаш да сме уплашени и да не го кренеме гласот против промената на името. Но, во меѓувреме ние пораснавме, сега нашите генерации треба да одлучат дали ќе потклекнеме под притисокот и заплашувањето кое партијата на власт го спроведува уште од 1945 година.

Ние не смееме да бидеме уплашени, не смееме да дозволиме да не замолкнат, треба да се бориме за правда и правдини, тоа им го должиме на нашите поколенија, тоа им го должиме на браќата кои ги затворија, ние сме приморани во 21 век да се бориме за основни човекови права, таа борба ќе биде долга и мачна, но на крајот правдината секогаш победува и ние ќе успееме! Секој ден ќе не има човек повеќе, таа долга борба ќе резултира со народен револт и будење.

Политика е политика, ќе ја водиме и понатаму, но пред сѐ, ние се колневме во Македонија и ВМРО, тоа никогаш да не го погазиме. – напиша Србов на неговиот ФБ профил.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This