April 26, 2024, 11:13 pm

ИСЧИСТЕНИ И ПРООДНИ СИТЕ ГЛАВНИ УЛИЦИ: Интензивни активности на град Скопје за расчистување на сообраќајниците-фрлени 120 тони сол!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат интензивните активности на зимската служба на Градот Скопје, која со луѓе и механизација го чисти снегот од булеварите и градските улици, како и од тротоарите и јавните површини.
sol-grad-skopje.gif1_-640x425

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ до утрово фрлија 155 тони, додека од утрово до сега се фрлени дополнителни 120 тони сол на градските булевари и улици. Сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.

Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини ангажирани се повеќе од 100 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“, работници и механизација од ЈП „Паркови и зеленило“, како и работници од ЈП „Водовод и канализација“ кои работат на чистење на сливниците.

sol-grad-skopje.gif2_-640x425

Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

sol-grad-skopje-640x425

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This