April 20, 2024, 10:09 am

И ДА ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО, ДАНСКА Е ПРОТИВ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ: На јунскиот самит Данска нема да поддржи почеток на преговори за Македонија и Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данска не е подготвена на јунскиот самит на Европска унија да го поддржи предлогот на Европска комисија за почеток на преговори за членство на Македонија и на Албанија.

„Не, јас не сметам дека ќе ја поддржам таа иницијатива. Ние треба да бидеме чесни по тоа прашање“, изјави данскиот премиер Ларс Расмусен по средбата на врвот на ЕУ во Софија.

Според него, ЕУ не треба да ги повторува претходните грешки, меѓу кои ја издвојува одлуката за иницирање преговори за влез на турција во Унијата.

Со ваквиот став Данска, практично, им се придружи на Франција и на Холандија, кои исто така изразуваат сериозни резерви.

Во моментов официјални кандидати за членство во ЕУ се Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора и Турција, од кои последните три ги имаат почнато преговорите – Црна Гора во 2012 година, Србија две години подоцна, а Турција уште во 2005 година, но во 2016 беа прекинати.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This