И НОВИНАРИТЕ РАЗОЧАРАНИ ОД ЗАЕВ: Го одбија и Илинденска Македонија, Заев се истрча, сега им ги дадовме Уставот и ерга-омнес на Грците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Македонија гордо најави дека Македонија ќе го менува името во Република Илинденска Македонија, за севкупна употреба што значи дека ќе се менува и уставот на државата.

И покрај гордата најава на премиерот Заев, сепак за него дојде ладен туш од Грција.

Грчката Влада го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“. Само еден час откако премиерот Заев по лидерската средба изјави дека тоа е опцијата која може да биде решение за спорот, од Кабинетот на Ципрас испратија соопштение во кое пишува:

-Го поздравуваме тоа што македонската страна прифати дека не може да има решение без „ерга омнес“, односно за сите употреби. Сепак, ние ги охрабруваме нашите соседи, да продолжиме да работиме заедно за да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц.

Ваквата состојба предизвика низа коментари, меѓу кои и оние од македонските новинари кои долги години работат на оваа тема.

Уредникот на телевизија Телма, Атанас Кировски се осврна на состојбата коментирајќи дека позицијата на Грција е „или ќе земеме се, или ќе ве блокираме“.

-Преговорите со Грција околу компромис за името влегоа во фаза на очајничко барање решение од македонска страна по секоја цена, што според мое мислење ги ослабнува нашите преговарачки позиции. Палетата предлози дојдени од Нимиц со неколку можни опции-како да сме на квиз, сега се збогатува со нова идеја -Илинденска Македонија, и притоа јавноста повторно се дефокусира на придавката пред името, наместо на клучното максималистичко барање на Грција од пред 5-6 години, а тоа е менување на името и за внатрешна употреба. Онолку колку што јас разбирам политика , потребен ни е целосен, коперникански пресврт во овој процес. Тоа би значело владата да се фокусира на се друго со максимални напори, не запоставувајќи ги евро-атлантските интеграции, наместо политиката се друго се запоставува, а фокусот е на евро-атлантските интеграции, преку кои би се решиле и другите проблеми на општеството. Таквиот пристап од една страна добива извесни симпатии во меѓународната заедница, но малку фајде од тоа, затоа што само ја подига летвичката на грчки услови, барања и нови болдирани црвени линии на Атина. Позицијата на Грција е или ќе земеме се, или ќе ве блокираме. Македонија треба да ја извести меѓународната заедница дека искажа подготвеност за болни компромиси, но дека компромис подразбира отстапки од двете страни и дека натаму не може да прифаќа диктати лицитирани од Павлопулос, Коѕијас, Каменос, Мицотакис итн, и од нивното волунтаристичко интерпретирање на поимот иридентизам, правото на самоопределување и самоименување, па дури и правото на постоење, пишува тој.


-Ако е точно, тогаш не е на арно. Им дадовме страшен аргумент и сега по дифолт ерга омнес е дел од секое решение. Им ја подигнавме многу црвената линија, пишува новинарот Горан Теменугов на својот Фејсбук профил.

 

https://www.facebook.com/goran.temenugov/posts/10216304724921809

 

-Ние молиме да си го смениме името а они не ни даваат. Монти Пајтон и Чарло Чаплин ги јадеме за доручек, коментира новинарот Горан Момироски.

https://www.facebook.com/goran.momiroski.12/posts/10216299453421784

Се огласи и новинарот Цветин Чилиманов:

Медиумите на СДС пуштаат информација дека е договорена Илинденска Македонија (јас на пример прво го видов објавено на Пљушинфо). Доаѓа потврда и промовирање на предлогот од првиот ешалон на Црпко (неговиот личен клановски адвокат Медарски на пример). Теута и Пендаровски го промовираат како мултиетничко решение (ок, минус Турците). Но, повеќе грчки партии го одбиваат меѓу кои и клучната Неа Демократиа. Комуњарите сфаќаат дека ќе има реакција ако по ова се вратиме на некоја од грчките географски одредници. Со овој спин се смени целата логика на преговорите – излегува дека ние сме подготвени да се прекрстиме, уште и име сме со одбрале, а сега Грците не ни даваат да се прекрстиме како што сакаме. Затоа досега никој од наша страна не беше толку чудно да лицитира со имиња. Правилниот пристап од македонска страна е ова што го кажа Мицкоски – јас сум за Република Македонија.
Како и да е, СДС по кој знае кој пат направија глупост, и еве ти ја вечно трудната удбоновинарка Кате Блажевска да го пере СДС. Нормално, се вадат дека ВМРО било криво. Друго не ни знаат да кажат, пишува тој.

Медиумите на СДС пуштаат информација дека е договорена Илинденска Македонија (јас на пример прво го видов објавено на…

Posted by Cvetin Chilimanov on Saturday, May 19, 2018

Жанета Трајкоска од Институт за комуникациски студии, коментира дека Грција не го прифати предлогот на Заев, ама затоа Македонија им го даде уставот.

Илинденска не ја прифатија, ама им го дадовме Уставот и ерга омнес на тацна.

Posted by Zaneta Trajkoska on Saturday, May 19, 2018

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This