КАВАДАРЦИ: Цврсто се залагаме за унитарна, самостојна, слободна и независна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Протестен марш и вечерва се одржа во Кавадарци.  Кавадарчани мирно протестираа движејќи се од новоизградената црква “Света Петка” во новиот центар на градот, преку главната улица „Илинденска”, до општинската зграда на градскиот плоштад. Пред присутните се обрати Сава Манева, пензиониран историчар.

kavadarci

Потсетувајќи на повеќе историски моменти од историјата на македонскиот народ, таа укажа на неколку грешки од минатото од кои како што нагласи, треба да извлечеме поуки. Меѓу другото, ја спомена и криминалната приватизација за време на транзицијата од времето на осамостојувањето на државата, кога бројни работници, како што додаде, беа избркани од работа и останаа на улица без никакви права.

Задржувајќи се на протестите кои секојдневно се одржуваат низ целата држава, таа нагласи дека цврсто се залагаат за унитарна, самостојна, слободна и независна Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This