April 20, 2024, 10:45 am

КАДИРОВ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА МЕРКЕЛ И ТРАМП: Ако стапнат во Чеченија ќе ги уапсам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Ангела Меркел или Доналд Трамп некогаш ја посетат Руската Република Чеченија, тие ќе бидат уапсени и сите нивни банкарски сметки на територијата на Чеченија ќе бидат замрзнати, вели Рамзан Кадиров претседателот на Руската Република Чеченија.

 

Кадиров, познат по своите контроверзни изјави, направи очигледна шега за време на длабинското интервју за националниот сервис на Русија. Кога беше запрашан за можноста да биде ставен на проширената листа на санкции од страна на САД, тој одговори дека “мора да биде таму [на листата]” и ги потсмеваше западните лидери, велејќи “ние ставивме санкции против Трамп и Меркел, уште многу одамна. ”

“Ако дојдат во нашата република [Чеченија], веднаш ќе ги уапсиме и ќе ги ставиме во затвор”, рече тој. Чеченскиот лидер додаде дека не се плашел од никакви санкции од Западот, бидејќи немал средства во западните држави и истакна дека тој никогаш не ги ни посетил овие нации.

Во интервјуто, кое требаш да се емитува во вторникот вечерта, Кадиров зборуваше за голем број домашни и меѓународни прашања, од улогата во Сирија која ја играат етнички Чеченци кои служат во руската војска и за неговиот став кон полигамни бракови одобрени од исламот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This