КАКО ИЗГЛЕДА ФИЛМОТ ШТО СЕ СНИМАШЕ НА ОБИКОЛНИЦАТА: Францускиот филм „А Фонд“ врвно филмско остварување снимено во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот филм „А ФОНД“ на режисерот Николас Бенамоу се очекува да се проектира во киносалите во франција на 21 декември годинава.

film_obikolnica

Главната локација на снимањето се случуваше токму на скопската обиколница. Минатата година додека траеше снимањето, обиколницата беше затворена 7-ми до 11-ти септември од 7 до 19 часот. Сообраќајот беше забранет од клучката кај Хиподром до делот кај Сарај.

По снимашето на обиколницата, целата машинерија на филмот се пресели на автопатот Неготино – Велес, каде делницата исто така беше затворена за време на снимањето до 23 октомври.

За овој филм 120 македонски возачи беа дел од највозбудливите сцени на македонските автопати, а беа обучени од француските каскадери. За снимањето на сцените се користеше најмодерна технологија која за прв пат се употреби во Македонија.

Филмската екипа броеше 200 луѓе од Франција и Македонија. Дополнително се ангажираа и околу 300 домашни статисти. За потребите на снимањето се обезбедија од 300 до 400 возила. За транспортот на екипата зад сцената се употребуваа над 20 камиони, 15 комбиња, автобуси, виљушкари и кранови.

Ана Трајчевска
ТВ Нова

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This