March 28, 2024, 10:11 pm

КАКО ПОЛИЦИЈАТА ПОСТАПИ СО НОВИНАР: Брутално приведен пред очите на 10-тина колеги, и подмолно удиран со цокули

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот на порталот Инфомакс.мк Борислав Стоилковиќ кој беше приведен вчера за време на простестите против промена на името и договорот со Грција десетина минути по полноќ е пуштен од полициската станица во Автокоманда каде што бил однесен откако одбил да ја предаде камерата со која ги следел протестите – пренесе „Експрес“

Полицијата го привела затоа што се сомневала дека на снимените видеа од него има и припадници на полицијата кои што интервенирале вечерта.

Интересно е што полицијата само од него побарала да ја редаде камерата иако настанот го следеле повеќе телевизиски и други медиумски екипи кои правеле видео снимки на кои не е исклучено дека се гледаат и припадници на МВР.

За време на инцидентот полицајците кои го апселе новинарот и снимател дошле во вербална расправија со екипите на Алфа и Слободен печат кои барале тој да биде ослободен.

Веднаш по пуштањето од станица новинарот заминал во Ургентниот центар во Скопје каде што му бил измерен висок крвен притисок и се евидентирани повреди на долните екстремитети.

Повредите најверојатно се добиени од удари со полициски цокули во пределот на потколениците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This