КАКО СЕ ПРЕДАВА БОРЕЦ НА ИСИС: Со многу солзи и молење да не го убијат, вака изгледа кога терорист на ИСИС се предава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Курдските борци на „Пешмергата“ во операцијата на завземање и ослободување на градот Башика заробија припадник на ИСИС, а заробувањето го снимаа. На снимката се гледа како борецот на ИСИС со кренати раци излегува од куќата во која се криеше, по што ги уверуваше Пешмергите да не се грижат и дека нема да се саморазнесе

isil_5

„Не се плашете, нема да се разнесам. Нема да се разнесам“, извикуваше тој. Тој се предаде на Курдските сили за време на уличните борби во место во близина на градот Мосул, каде што имаше голема офанзива за да се ослободи од рацете на ИСИС, под чија контрола беше од 2014 година.

На снимката се гледа како Пешмергите разменуваа оган со борците на ИСИС кои се криеа во една од куќите, по што им се заканија дека ќе го уништат објектот.

„Излегувајте или ќе ја срушиме куќата врз глава. Ајде, излегувај“, се слуша довикувањето на еден од Пешмергите.
„Ти ветуваме нема да те убиеме“ вели еден од војниците „Твоите пријатели се со мене. Тие се предадоа. Неговото име е Хазим Минух. Абу Мустафа исто така е со нас“ – по што се охрабри и уште еден од терористите и се предаде на Пешмергите.

По предавањето тој им објасни на силите на Пешмергата дека во објектот се наоѓаат и други лица „уште тројца или четворица“ и дека уште се живи, но не сакаат да се предадат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This