КАМАТА НА ГАДАФИ: Ножот на Гадафи од слонова коска, рубини и дијаманти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Припадниците на одделот на истанбулската полиција за борба против криумчарење во акција заплениле скапоцен нож вреден милиони кој бил украден од палатата на поранешниот либиски претседател Муамер Гадафи.

Врз основа на сознанијата дека криумчарите во Истанбул треба да извршат продажба на вредни предмети кои се украдени во странство и прокриумчарени во Турција, припадниците на истанбулската полиција утровото извршиле претрес на еден објект во местото Есенјурт.

Во таа прилика од слобода се лишени три осомничени лица и тоа бизнисменот А.А. и неговите двајца најблиски соработници М.У. и Б.А.

Полицијата во тој објект пронашла и запленила специјално изработен куфер во кој се наоѓал ножот од слонова коска украсен со сафири, дијаманти, смарагди, рубини и злато, јавува агенцијата „Анадолија“.

Вредниот нож е украден од палатата на Гадафи во текот на револуцијата во Либија, а во Истанбул имал намера да го купи еден саудски бизнимен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This