КАРПОШ СОКОЛИ НЕЗАДОВОЛНИ ОД СЛУЧУВАЊАТА ВО БИБЛ ЛИГАТА: КК КАРПОШ СОКОЛИ официјално апелира Македонската Кошаркарска Федерација да покрене иницијатива, заедно со другите Федерации, за основање Балканска Кошаркарска Лига

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освојувачот на кошаркарскиот Куп на Македонија, екипата на Карпош Соколи незадоволна од случувањата во регионалната БИБЛ лига, каде се натпреварува овој македонскиот тим со соопштение реагираше на последните случувања поврзани со оваа екипа.

karpos-1-640x294

Соопштението на Карпош Соколи го пренесуваме во целост.

karpos1
– КК КАРПОШ СОКОЛИ 2000 АД СКОПЈЕ официјално апелира Македонската Кошаркарска Федерација да покрене иницијатива, заедно со другите Федерации, за основање Балканска Кошаркарска Лига, да организира регуларно, признаено од ФИБА, меѓународно натпреварување, кое реално ќе придонесе за развој на кошарката во регионот.

Во отсуство на иницијатива на националните Федерации, злоупотребена е можноста за организација на вакво натпреварување, од страна на физички лица, кои водат катастрофални политики, непочитувајќи било какви стандарди во организацијата, своеволно водејќи го натпреварувањето, кое има само негативни импликации врз кошаркарскиот спорт.

Воедно, сакаме да потенцираме дека, во неформални разговори со сите клубови, со кои сме се натпреварувале во БИБЛ Лигата, го делат истиот став, но, бидејќи немаат друг избор, а со цел да играат меѓународни натпревари, прифатиле да учествуваат во оваа натреварување.

Нашиот клуб, во континуитет има катастрофален третман од раководството на Лигата и во континуитет има катастрофално судење, најгрубо прекршувајќи ги елементарните правила на кошаркарската игра, кое кулминираше на натпреварот со КК ТЕОДО од нашата збратимена општина Тиват.

Самото раководство на ТЕОДО, гледајќи ја судиската пародија, се почувстува непријатно и се огради од било каква поврзаност со скандалозното судење, напоменувајќи дека истата судбина и самите ја доживеале на натпреварот со КК Приштина.

За судиите можеби и можеме да најдеме оправдување бидејќи имаме информации дека долгот на БИБЛ кон судиите за такси и патни трошоци е близу 100.000 евра (само кон нашите судии и делегати околу 20.000 евра), а газдата на лигата постојно им се заканува да ги слушаат неговите инструкции, повикувајќи се на блиски релации со раководни лица на ФИБА, преку кои ќе им ја уништел кариерата!?

Големиот број на казни, кои неоправдано ни ги изрекува раководството на Лигата, имаат само еден мотив – финансиски, со цел што е можно повеќе да се компензира гарантниот повратен депозит, кој Клубот го депонираше како гаранција за учество и плаќање на евентуалните казни, а БИБЛ треба да му го врати по завршување на сезоната.

До овој момент БИБЛ лига не вратиле ниту еден “повратен” депозит, барем не на клуб кој е член на МКФ, а претходно партиципирал во ова натпреварување, а долговите кон нашите судии од коло во коло се зголемуваат.

Поради ова, се повеќе квалитетни судии ги откажуваат делегирањата, па во таков случај, на вчерашниот натпревар, ни беше делегиран судија кој воопшто и несмее да биде делегиран, бидејќи не го положил легер тестот за судии за оваа натпреварувачка сезона, и неможе да го носи знакот на ФИБА!?

Во ваква консталација на нештата се повеќе се сомневаме дека единствениот мотив на организаторите на лигата се незаконски приходи од наместени натпревари, во кои можеби и самите судии се условени да учестуваат.

Затоа апелираме МКФ официјално да ги провери овие наоди и да застане во заштина на нејзините членки – клубовите и официјалните лица, кои учествуваат во оваа и од нив признаена лига и да завземат став дали во иднина нејзините членки воопшто треба да партиципираат во ова натпреварување!?, се наедува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This