КИМ ЈОНГ УН НЕМА ДОВЕРБА ВО ТРАМП: Северна Кореја со доза а сомнеж за преговорите со САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северна Кореја го стави под знам прашалник самитот кој требаше да се одржи следниот месец помеѓу Ким Јонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп, со што пропадна повеќе неделниот дипломатски напредок, доколку Вашингтон инсистира на спроведувањето на едностран договор за денуклеареализација.

Северно Корејската официјална новинска агенција КЦНА претходно изјави дека Пјонгјанг ги откажа разговорите на високо ниво со Сеул, по првата закана за затоплување на односите помеѓу двете држави.

Цитирајќи го првиот заменик-министер за надворешни работи Ким Кје Гван, КЦНА подоцна изјави дека судбината на самитот помеѓу САД и Северна Кореја, како и билатералните односи, “ќе бидат појасни” ако Вашингтон зборуваше за Либијски стил на “денуклеаријализација” во Северна Кореа .

“Ако САД се обидат да не внесат во агол со цел да го присилат нашето унилатерално откажување на нуклеарното оружје, повеќе нема да бидеме заинтересирани за таков дијалог и можно да се стави под знак прашалник самитот на НДРК-САД”, рече Ким Кју Гван.

Ким посебно го критикуваше советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, кој побара Северна Кореја брзо да се откаже од нуклеарниот арсенал во договорот што го отсликува откажувањето на Либија од програмата за креирање оружјето за масовно уништување.

Северна Кореја претходно се судри со Болтон кога работеше под администрацијата на Буш, нарекувајќи го “човек ѓубре” и “крвопија”.

“Ние ги посочивме квалитетите на Болтон веќе во минатото, и ние не го криеме нашето чувство на одвратност кон него”, рече Ким.

Изјавите, во комбинација со заеднички воени вежби од страна на јужнокорејските и американските воени авиони, прават драматичен пресврт во последниве месеци, кога двете страни ги прифатија напорите за преговори.

Северна Кореја објави дека следната недела јавно ќе ја затвори локакицијата за нуклеарно тестирање. Трамп и Ким треба да се сретнат во Сингапур на 12 јуни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This