КИНА ОТВОРИ ФОНД ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА МАКЕДОНИЈА: Пари за капитални инвестиции но и за приватниот сектор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Откако кинескиот премиер Кечијанг Ли на вчерашниот Самит на НР Кина со 16 земји од Централна и Источна Европа објави формирање на Фонд за Централна и Источна Европа, преку кој ќе се менаџираат средствата во рамките на форматот „16+1“, денеска претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, заедно со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски одржаа состанок со претставници на Фондот.

 emil_kineski_premier
Како што јавува дописникот на МИА од Рига, Димитриев и Пешевски по состанокот потврдија дека минимум 50, а максимум 500 милиони евра од овој Фонд се на располагање за конкретни државни проекти, но и за приватни компании од Македонија.
Целосниот буџет на кинескиот Фонд, кој според вчера договореното, на европскиот континент ќе биде сместен во Минхен, додека централата е во Хонг Конг, за годинава изнесува три милијарди евра, а догодина се очекува да има на располагање десет милијарди евра за инвестиции, пред се во патната инфраструктура.
Според македонскиот премиер и вицепремиерот за економски прашања, со претставниците на кинескиот Фонд денеска во Рига е разговарано за конкретни проекти и договорена е разработка во детали на конкретни проекти и воспоставување на соработката. Според нив, големи се очекувањата, доколку се најде заеднички јазик.
– Една од главните поенти на вчерашниот Самит на 16 земји од Централна и Источна Европа со НР Кина беше формирање посебен Фонд со кој ќе се помагаат проекти во гореспоменатите земји. Ние денеска остваривме контакт со претставници на тој Фонд од кои се запознавме со структурата на Фондот, со условите на кој начин сметаат и имаат намера да финансираат проекти. Од она што го слушнавме, навистина се работи за поволна структура и за поволни услови под кои ќе работи Фондот. Интересно е тоа што покрај финансирањето на државни проекти, средствата од овој Фонд ќе бидат достапни и за приватни компании. Договоривме и наредна средба со поконкретни детали, истакна премиерот Димитриев по средбата.
Според првиот човек на македонската Влада за спроведување избори, во моментов, од прво видување, негово мислење е дека се работи за една голема перспектива што се отвора пред земјите од Централна и Источна Европа и дека треба да биде соодветно искористена во насока на подобрување на инфраструктурата и на економијата генерално.
– Бевме уверени дека операционализацијата на средствата од нивна страна ќе оди брзо и тоа значи дека во еден оптимален рок потенцијалните македонски проекти што сметаме дека би можеле да бидат финансирани од овој Фон, дека би имале заокружена финансиска рамка, додава Димитриев.
Вицепремиерот Пешевски, пак, посочи дека кинескиот инвестициски Фонд, што претходно беше најавен, како новина оваа година е што ќе биде насочен кон приватните компании. Според потпретседателот на Владата за економски прашања, македонската Влада ќе се заложи на приватните компании од Република Македонија, на страна од оние државни проекти што ќе бидат понудени за реализација од овој инвестициски Фонд, да им помогне и на приватните компании да подготват соодветни проекти и да аплицираат во инвестицискиот Фонд.

– Ние ќе работиме и да се најдат соодветни институции што може да бидат потенцијални партнери во Фондот. Причината е што параметрите што се дадени се навистина атрактивни. Сепак, се работи за малку поголеми проекти, како што беше кажано, кои изнесуваат над 50 милиони евра како минимална големина на проект, но критериумите за поврат, односно очекуван профит на Фондот се навистина многу разумни и очекувам дека сите поголеми компании што имаат позначајни инвестициски идеи за следниот период ќе најдат соодветен партнер што ќе овозможи да излезат надвор од рамките на Република Македонија и да започнат да настапуваат уште поглобално. Самиот Фонд нуди и формирање партнерства со други приватни компании, дел од Кина, дел од Хонг Конг, односно генерално од Азија, а кои имаат намера да влезат на овие пазари. Затоа, мислам дека се отвораат нови перспективи за значително исчекорување вон границите на Република Македонија, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски. бн/13:25

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This