КИРАЦОСКИ ПРЕКУ ВИБЕР ГО НАВРЕДУВАЛ ДУШКО МЛЕКАРОТ: „Или си будала или уште пушиш од марихуаната“ – ген.секот на СДС до Душко млекарот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Душко Млекарот беше еден од главните ликови кои СДСМ ги користеше во опозициските денови, раководството на партијата постојано се сликаше со него по протести, истиот тој Душан Илиевски сега е жестоко навредуван од член од највисокото раководство на владејачката партија.

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник на партијата, со вокабулар кој никако не личи на еден народен избраник, со скандалозни навреди удри по Душко млекарот, кој е само еден од многу членови на СДСМ незадоволни од работата на Владата.

Кирацовски во пораката до Душан Илиевски на Вибер, испратена на 26 ноември оваа година пишува: „После овие глупости што ги тресеш, гледам дека или не ме познаваш доволно или си будала, или уште пушиш марихуаната што ја садеше во редови… матарка една“.

На оваа скандалозна порака за еден политичар и од народот избран за пратеник во Собранието, на социјалните мрежи објави токму Илиевски.

-Кирацовски е секретар на нашата партија и тој беше што ме бранеше дека не сум садел марихуана, а сега ме обвинува дека сум садел марихуана. Дали му доликува на ваков секретар што му го извадив криминалот и јавно го обелоденив, напиша на Фејсбук, Душан Илиевски.

 

Инаку, во 2010 година кога беше уапсен Илиевски, откако беше откриено дека одгледувал марихуана, од тогаш опозициската СДСМ тврдеа дека станува збор за политичко-  полициска монтажа, велејќи дека Душко Млекарот бил жртва на власта на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи зборувал против неа.

Доказ дека СДСМ тогаш лажеле, стигнува од кај нив самите и тоа од нивниот генерален секретар, Александар Кирацовски, кој сега лично го прашува Душко млекарот, дали пуши од тревата која ја засадил.

Дел од коментарите во јавноста се дека СДСМ, како испушена цигара ги фрла граѓаните откако ќе ги искористи во свои политички цели, а покрај тоа и после тоа жестоко ги навредува.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This