КИРЕ ЛАЗАРОВ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА НАВИВАЧИТЕ: Се чувствуваме како да играме во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тој кажа дека победена била една многу квалитетна репрезентација, која игра многу цврсто.

Кире Лазаров после натпреварот против Словенија и се заблагодари на публиката и македонските фанови за кои кажа дека биле клучни за победата.

-Се чувствувавме како дома, се чувствувавме како да играме во Македонија, во Скопје, во Борис Трајковски. Сакам да им се заблагодарам од срце, уште на самото влегување на теренот на загревање, кога ги видовме во колкава бројка дојдоа, издвоиле време, издвоиле средства. Тоа беше голем мотив за нас и едноставно го одигравме овој натпревар под голем притисок, знаејќи во нашите глави дека не смееме да кикснеме, изјави Лазаров.

Тој кажа дека победена била една многу квалитетна репрезентација, која игра многу цврсто.

-Имам чувство дека одигравме два натпревари, не еден и затоа е уште позасужена оваа победа, сакам да им честитам на моите колеги, изјави Лазаров.

Тој напомена дека кој разбира ракомет знае дека ова беше многу тежок мечот и кажа дека никако не смееме да ја потцениме, која според него можеби се чувала за Македонија, знаејќи дека ќе изгуби од Германија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This