April 19, 2024, 12:49 am

КОАЛИЦИОНИОТ ПАРТНЕР НА ЗАЕВ: Не се чувствувал „комотно“ покрај Македонското знаме и кога се интонирала Македонската химна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на БЕСА, Биљал Касами рече дека владата на Груевски ја доведе Македонија на работ на бездна. Тој на прашање на новинар на ТВ 24 – дали го признава македонското знаме и химна, не одговори директно и истакна дека не се чувствува комотно пред знаме кое не го рефлектира идентитетот на албанците, како што и не може да се чувствува комотно во интонирањето на македонската химна.

bilal_kasami

Имаме знаме на Албанија, на САД, на ЕУ и на вашата партија. Не гледам тука Македонско знаме. За ваква ли мултиетничка земја се залагате? Дали ова значи дека не го признавате македонското знаме. Вакво прашање беше упатено од новинарот на ТВ 24 до претседателот на БЕСА, Биљал Касами.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Македонија го смени државното знаме, а во тој момент не се донесе решение прифатливо за сите граѓани. Кога би се усвоило ново знаме, согласно интересите на албанците и другите граѓани, јас сум сигурен дека тоа знаме би било прифатливо за сите граѓани. Ние во овој правец, бараме редефинирање на државата. Желбата за создавање на државата мора да рефлектира со барањата на сите етнички заедници во Република Македонија и затоа ние сакаме да се отворат прашање за идентитетот на државата“.

 

[/kopa_block_quote] [kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]„Не се чувствувам комотно во интонирање на македонската химна, кога во никој момент не го рефлектира идентитетот на албанците. Јас не можам да се чувствувам комотно пред знаме кое не го рефлектира идентитетот на албанците. Еден од условите за идната влада е да се отвори дебата за разгледување на можноста за Македонија да има симболи кои ќе го рефлектираат идентитетот на сите етнички заедници во Република Македонија, одговори Касами.[/kopa_block_quote]

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This