КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ НА ЗАЕВ ЗАСРАМЕНИ: Говорот на Заев е катастрофално и елементарно непознавање на политичкиот систем во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетскиот професор Рубин Земон, кој е и лидер на партијата Алијанса за позитивна Македонија и во коалиција со СДСМ, излезе со остри критики за говорот на Заев оценувајќи дека премиерот покажал катастрофално и елементарно непознавање на политичкиот систем во Македонија.

-Не знам кој му ги пишува говорите на премиерот Заев, но да се каже дека во Македонија како унитарна држава постојат „конститутивни народи наброени во Уставот“ е катастрофално елементарно непознавање на политичкиот систем на Македонија! Република Македонија не е (кон)федерација на „деловите на народи“, туку е унитарна република, која гради граѓански концепт, пишува Земон.

„Со споменувањето во Преамбултата на Уставот на деловите на народи што се именуваат, вклучувајќи ги и „другите“, сите заедници се уставна категорија, но никако „конститутивни народи“, смета Земон чија партија е дел од коалицијата „За живот во Македонија“ предводена токму од лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Стружанецот Рубин Земон е претседател на Сојузот на Балканските Египќани. Вработен е во Универзитетот за информатички науки и технологии и член на научниот совет на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“. Тој експерт на ОБСЕ/ОДИХР за прашањата на националните малцинства.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This