КОГА ДОКТОРИТЕ ЈА ОТПИШАА ОД ЖИВИТЕ: Како Лесновскиот чудотворец ја излекува малата Лора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Пред две години, на Велигден, успеав да застанам на нозе, токму овде пред моштите на Св. Гаврил Светогорец. Бев клекната пред нозете на отец Дамаскин и ја слушав неговата молитва. Во моментот се појави некое необјаснето чувство, топлина… Не, не можам да објаснам… но, болката исчезна, искривените прсти на стапалото ми се исправија, а јас за првпат после толку време немав никаква болка. Почувствував дека сум здрава, раскажува 16-годишната кочанчанка Лора Минова за весникот „Вечер“

Лора Минова, девојчето од Кочани кое беше излечено по молитвите кон Свети Гаврил Светогорец во Лесновскиот манастир, денес е вистинска девојка. На шеснаесет години ужива во средношколските денови, учи, излегува со другарките, се забавува, но не заборава да се заблагодари на Бога што и помогна токму тогаш кога докторите беа беспомошни и дигнаа раце пред нејзината болест за која немаше дијагноза.

Најмалку еднаш во неделата таа доаѓа на литургија во Лесновскиот манастир да се исповеда кај нејзиниот духовен отец, да помогне околу уредувањето, да ужива во убавините на манастирската идила.
И не само тоа. Таа манастирот го посетува и со своите најдобри другарки со кои, освен за вообичаените тинејџерски теми разговара и за духовноста. Невообичаено, но оваа млада девојка ужива да го чита и Светото писмо.

Импресионирана е од пожртвуваноста на Пресвета Богородица, па честопати ја прашува мајка си зошто не ја крстиле Марија.

Лора и на првиот ден од страстната седмица, заедно со мајка и Олга беше во манастирот и учествуваше во подготовките што се вообичаени пред големиот христијански празник, кога во манастирот се очекуваат неколку стотици посетители.
Лора не е многу зборлеста. Мила и благородна, со ангелска насмевка која само протезата на забите ја издава дека е модерна тинејџерка. Сепак, ни раскажа дека Велигден е посебен празник за неа. Го чувствува како свој втор роденден бидејќи токму на големиот христијански празник се случило и нејзиното избавување од подлата безимена болест, нејзиното воскреснување.

– Пред две години, на Велигден успеав да застанам на нозе, токму овде пред моштите на Свети Гаврил Светогорец. Бев клекната пред нозете на отец Дамаскин и ја слушав неговата молитва. Во моментот, се појави некое необјаснето чувство, топлина… Не, не можам да објаснам… но, болката во прстите исчезна, искривените прсти на стапалото ми се исправија, а јас за прв пат после толку време немав никаква болка. Почувствував дека сум здрава. Без никој да ме придржува, после молитвата, тргнав зад отецот, самата зедов свеќа да запалам… моите родители не беа свесни што се случува… не беа ни свесни дека јас не сум веќе она дете кое со месеци го носеа на раце, од клиника на клиника низ скопската Државна болница. Со месеци од одделение на одделение, бараа помош, бараа да се дијагностицира болеста која ми ги грчеше стапалата и ми ја земаше свеста, ме лекуваа од сите можни болести со сите можни лекарства, но болеста не можеа да ја откријат ни нашите, ниту пак врвни доктори од Франција, раскажува тивко Лора, а во исто време, нејзината Олга, мајка и, со трепет гледа кон своето чедо и ниша со главата како да не верува низ каква голгота поминале пред две години, сите заедно, целото семејство.

– Велигден е вториот роденден на Лора. Слава му на Бога, тоа беше искушение низ кое сите, цело семејство моравме да поминеме. Долги месеци беа, но благодарение на верата во Бога, издржавме. Дури и во моментите кога лекарите се откажаа и не посоветуваа да се свртиме кон алтернативната медицина, од која исто не видовме арно. За среќа, цел месец пред Велигден, Лора не примаше лекарства, бидејќи по препорака на стручњаците требаше да се исчисти од сите силни медикаменти што претходно ги примаше. Кога после молитвата ја видовме насмеана, а не онесвестена од болките за кои не постоеше лек за да се намалат ние тројца, татко и, брат и јас не бевме свесни што се случува. Дури следниот ден отец Дамаскин ни рече дека верата во Бога ја излекува. И оттогаш е се во ред, се присетува Олга напати со растреперен глас, напати со солзи во очите.

Со месеци, од одделение на одделение, од врата до врата

Голготата на Лора започнала на 28 јануари, на самиот Празник на Свети Гаврил Лесновски, кога поради необјаснив напад на кашлица била однесена со возило на Брза помош на Детска клиника во Скопје, каде што терапијата што и била дадена воопшто не дејствувала. Го изгубила апетитот, а набрзо потоа добила силни болки и воспаление во зглобовите на прстите на левото стапало, при што три прсти се искривија.

– Беа тоа тешки и долги месеци во кои одевме по државни и приватни болници. Дијагноза – немаше. Болките во трите прсти на стапалото од самиот почеток беа неподносливи и не се смируваа со ниту еден лек препорачан од познати и искусни доктори, професори… Со месеци, од одделение на одделение, од врата до врата… Која е дијагнозата? Со каква терапија ќе се лекуваат болките во ногата и несвестиците, кои по примањето на имуноглобулините беа многу, многу чести…

Мајката Олга: Занемевме…Се плашевме да не е сон!

Мајката Олга ја раскажува оваа вистинска приказна, како што вели, за Слава на Бога, а за надеж за спасение на оние на кои им е потребна помош.

Целиот текст на Вечер.Пресс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This