КОЛКУ ПАРИ ЗЕМА АНЃУШЕВ ЗА ИМЕТО: Вицепремиерот не кажува колку пари земал од продажбата на неговата фирма на Грците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Кочо Анѓушев деновиве стана актуелен поради продажбата на неговата фирма на грчкото електростопанство во моменти кога засилено се зборува дека власта е подготвена да го смени името на државата, а тој лично лицитираше со имињата Горна, Северна и Нова кои според него се прифатливи, по што следеше информацијата дека неговата фирма се продава на Грците.

Во јавноста веднаш се отворија сомнежи дали можеби цената од продажбата на фирмата на Анѓушев не е надомест за промената на името. Сомнеж и прашање на јавноста за кое Анѓушев не даде одговор.
Анѓушев остави отворени врати и рече дека дека за брзо веме ќе објави колкава е сумата за која ја продава компанијата, без да прецизира кога.

Одлуката за продажба на компанијата доаѓаат во исклучително сензитивен период за Македонија. Во период кога нашето уставно име е предмет на преговори за промена, преговори кои ги води владата на СДСМ во која втор човек, како Вицепремиер е Кочо Анѓушев.

-Компанијата ЕДС ќе биде продадена сите тоа да го пратат транспарентно, легитимно е јас сим носител на јавна функција, граѓаните да ја имаат таа информација. Иако станува збор за приватна компанија која што нема никаква врска со политика или со држава, меѓутоа со оглед на мојата функција, јас и додека последниот граѓанин прашува стрпливо ќе одговарам на тие прашања, вели Анѓушев во изјава за Сител. Сепак не одговори, ниту кажа кога тоа ќе го стори.

Анѓушев вели дека цената е направена врз база на ревизорски извештаи, од меѓународни реномирани ревизорски куќи кои што ги ангажираа сите страни кои што преговараа и таму цената е многу фиксно детерминирана јас ќе ја пријавам во мојот анкетен лист сите граѓани ќе видат која ќе биде сумата таа е далеку и различна од сето тоа што се зборуваше.

Прашањата кои се поставуваат во јавноста е дали цената на продажбата на неговата фирма е цената за промена на името? Дали имаме уште нешто друго скриено зад оваа зделка? Одговорите може да ги даде само Анѓушев, кој како носител на јавна функција е должен на транспарентност.

ЕДС: Ги снабдуваме со струја 40% од македонските компании што имаат над 50 вработени

Досега ги снабдувавме со струја големите индустриски капацитети, а отсега и 40% од македонските компании што имаат над 50 вработени, објавено е на страната на ЕДС.

-Од април оваа година со електрична енергија почнаа да се снабдуваат средните претпријатија. ЕДС снабдува 70 компании од вкупно 200 кои побаруваат 320 мегавати електрична енергија.

Само ден по изгласувањето на законот за јазици и преговорите кои во Грција со тамошниот министер за надворешни работи ги водеше Никола Димитров, грчката национална компанија за производство на електрична енергија се огласи дека ја купува македонската „ЕДС“ сопственост на вицепремиерот за економски работи Кочо Анѓушев

Претходно, вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за едно македонско радио изјави дека за него се прифатливи решенијат за името како „Горна Македонија“, „Северна Македонија“, „Вардарска Македонија“, па дури и „Нова Македонија“.

ПАРИТЕ ЗА ИМЕТО ЛЕГНАА НА СМЕТКАТА НА АНЃУШЕВ: Грчката национална компанија ја купува фирмата на Анѓушев – исплатен договорот за името?!

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This