March 28, 2024, 10:35 am

КОЛУМНА НА ВЛАДИМИР ТКАЧЕНКО: Не играјте со илеџијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 15 февруари 2015 година беше потпишан „Сет мерки за исполнување на Минските договори“, документот што повеќе е познат под насловот „Минск-2“ или „Минските договори“. Овој договор имаше за цел да му стави крај на крвопролевањето во Донбас и да воспостави мир во регионот. Документот предвидуваше конкретни мерки, кои со таа цел требаше да ги преземат учесниците на граѓанската војна, Киев од една страна, Доњецката и Луганската Народна Република од друга. Поминаа три години. И што сега? Ниту една од тринаесетте точки од „Минск-2“ поради саботажата на Киев не беше исполнета. Згора на тоа, во јануари 2018 година Врховната Рада (парламент) на Украина го усвои таканаречениот закон за реинтеграција (реокупација) на Донбас. Во овој агресивен по неговата суштина закон нема ниту збор за Минските договори, додека самиот документ целосно е спротивен на договорите постигнати во февруари 2015 година. Сѐ повеќе од јасно е дека Киев цели само кон насилно решение на конфликтот. Овој заклучок директно произлегува од гореспоменатиот закон, според кој таканаречената „антитерористичка акција“ прераснува во полноформатна воена акција, а на претседателот му се дава право по своја волја да ја користи армијата против цивили не само во југоисточниот регион туку низ целата територија на земјата. Во украинскиот парламент и овој пат, како и обично, не помина без ноторни лаги за Русија, која во документот се вика окупатор што наводно извршува „злосторничка агресија“ против Украина. Фактот дека Русија воопшто не е дел од внатрешниот украински конфликт, Киев, според традицијата на бандеровите пропагандисти, едноставно го игнорира.

Законот за таканаречената реинтеграција на Донбас претставува реален одраз на тоа што прават во регионот украинските вооружени сили (ВСУ), кои веќе три години таму водат крвава позициска војна. Во февруари оваа година секретарот на советот за национална одбрана и безбедност на Украина, Александар Турчинов, јавно призна дека Киев грубо ги крши Минските договори и со гордост изјави дека украинските војници за овој временски период освоија десет и повеќе километри од неутралната зона. По должината на контактната линија украинската страна активно употребува тешко вооружување, систематски бомбардира станбени населби. На Киев во засилувањето на неговиот офанзивен потенцијал му помагаат западните подбуцнувачи. Веќе неколку години украинската армија ја обучуваат инструктори на НАТО, а во 2017 година САД донесоа одлука за испорака на смртоносно оружје за ВСУ. Во изминатите неколку недели ситуацијата стана експлозивна. Набљудувачите на ОБСЕ постојано констатираат пристигнувања дополнителни украински трупи на линијата на фронтот, меѓу кои се и тие националистички групи што се познати по нивните ѕверства, како и доаѓањето на дополнителна воена техника, се забележува и собирање огромни резерви муниција, кои меѓу другото доаѓаат и од Бугарија, Романија и од Полска. Сето тоа директно сведочи за поддршка од Западот на офанзива од голем размер, која ја подготвува киевскиот режим.

 

Во таквите услови сѐ појасно е зошто во 2014-2017 година украинските власти бескрупулозно го саботираа исполнувањето на Минските договори. Токму поради тоа не беше донесен новиот устав на Украина, со кој се предвидува децентрализација на земјата. Не влезе во сила ни законот за посебен статус на Доњецката и Луганската област. Наедно, во септември минатата година украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша Законот за образование, кој на граѓаните на Украина, чиј мајчин јазик е руски, им го одзеде правото да се учат на мајчин јазик, што е спротивно не само на Минските договори туку и на важечкиот украински устав, како и на меѓународните обврски преземени од страна на Киев. Спротивно на истите тие, Киев ги прогонува своите опоненти во Донбас, на големо користејќи ги незаконските начини односно киднапирања, држење во тајни затвори на безбедносни служби на Украина, тортура и дури убиства. Наместо да придонесува за обновување на социјалната инфраструктура и стопанството во регионот, што е едно од барањата предвидени во „Минск-2“, Киев обратно го стави регионот во економска изолација. Од 2014 година Украина на жителите на Донбас не им плаќа ниту пензии, ниту надоместоци, во регионот не функционираат мобилни оператори, а почнувајќи од март 2017 година Киев воведе транспортна, енергетска, прехранбена и водна блокада на регионот, што само ја влоши и онака многу тешка економска и хуманитарна ситуација. Секој ден во бомбардирањата на украинската артилерија се погодуваат училишта, болници, детски градинки и други најзначајни објекти на социјална инфраструктура.

Во текот на три години од моментот на потпишувањето на Минските договори, Украина го демонстрира својот игнорантски однос кон исполнување на мирните договори одобрени од Советот на безбедност на ОН, постојано провоцира истите тие да се раскинат и сега веќе не ги крие своите намери да реализира насилно сценарио за да спроведе етничко чистење на југоисточните делови на Украина. Обидите во практика да ги оствари овие злосторнички планови се закануваат со нова полноформатна војна во Донбас кога „молохот на војната“, кој веќе одзеде десетици илјади животи, неминовно ќе донесе нови многубројни жртви, пред сѐ меѓу цивили.

Минските договори не се прв пример од изминатите неколку години кога Киев грубо ги крши своите меѓународни и билатерални обврски. Постојат и многу други примери. Во 2015 година Киев бесрамно го крадеше гасот наменат за транзит во земјите-членки на ЕУ, се откажа да ѝ врати на Русија кредит во износ од три милијарди американски долари и дури проценти од него, како и да намири долгови кон други земји, испорачуваше оружје за терористи од ИСИС, но најстрашно е отвореното одобрување на дејствата на неонацистите во Украина, правењето фарса од истражувањата на ѕверските масовни убиства во Киев во февруари и во Одеса во мај 2014 година. Впрочем, кој поинаков пристап кон меѓународните и билатералните обврски може да се очекува од режимот што дојде на власт преку противуставниот државен удар и од 2014 година фактички е под директно надворешно управување од Вашингтон? Токму тука, а не во лажната „московска агресија“, се корените на сите несреќи на современата Украина.

Неспособност за договор, неадекватност, тотален презир кон правото, како меѓународното така и националното, отсуство на суверенитетот, за жал, се реалии на внатрешната и надворешната политика на сегашното украинско раководство, кое чекор по чекор ја води оваа некогаш просперитетна земја кон катастрофа способна да ја експлодира ситуацијата на европскиот континент. Авантури и илеџиски потфати на киевските власти внатре во земјата, а и надвор од неа, секако, се тажна реалност и многу загрижувачка порака за сите партнери на Украина на меѓународната сцена.

 

Владимир Ткаченко
Советник во амбасадата на Руската Федерација во Македонија

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This