КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Владо Јовановски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Darko-JanevskiСе возбудија комуњарите поради Владо Јовановски. Шупелките миротворни ги фати хистерија дека човеков повикувал на војна. А тој, пак, само констатира кон што оди целата работа. Утре ако некој влезе со војска во Македонија, за Владом подобро е да си молчи. Оти друг влегува со војници, ама ако Владо поради тоа каже дека ќе има војна, бандата ќе шири хистерија дека повикува на крв. А тие фините, сега во февруари, од глава до петици се со кокичиња и темјанушки. Ти се разнежува душата кога ги гледаш. И слушаш. Па после медарите се жалат дека никој не го сакал нивниот мед. Нема ни зошто кога сме преплавени со мед од устите на овие.

Kако и да е, Владо Јовановски доби епитет на човек што може да предизвика војна, што во принцип значи дека тој израснал во величина чиј збор може да поведе стотици илјади луѓе. Во историјата таквите наводи за силата на еден човек обично се сметаат за ретардирани пискотници корисни само за третокласи воени документарци зашто тие што се занимаваат со тоа знаат дека зад војна обично стои систем, чии мотиви се најчесто од економска причина. Една македонска историчарка од поранешни времиња обично велеше дека зад Втората светска војна стои Првата, а зад Првата стои доцното формирање на Германија како единствена држава и фактот што поради тоа останала без колонии. На тоа потоа се додава идеологијата што тој систем ја користи за да врзе луѓе што треба да гинат. И, сега, кога сето ова ќе го спуштите на ниво на Македонија, гледате дека Владо Јовановски не е систем, но дека токму наспроти него има еден таков систем чија цел е да ја урне оваа држава и кој за тоа ги користи домашните платеници. На овие вториве, но и на нивните налогодавци, секогаш им треба изговор за тоа што го работат. На волкот изговорот му бил дека јагнето му ја мати водата, на Хитлер дека Полјаците им влегуваат преку граница, на нашиве изговорите им се денес Владо, утре Миленко, задутре некој трет. Ама суштината е иста.

Една од последните амбасадорски изјави со веќе досадната формулација за „поддршка на СЈО“ беше таа на холандскиот амбасадор Пломп. Па во тој контекст еве едно прашање за господинот: Има ли друга држава во светот во која стручноста на еден јавен обвинител ја оценува стручно тело, кај нас Советот на јавните обвинители, но евентуалното разрешување на обвинителот да зависи од претходната согласност на четирите политички партии? Се разбира, може да се најде пример каде што разрешувањето зависи од пратениците, што ќе рече, од претставниците на граѓаните во законодавниот дом, ама од политичките партии, каде што главниот збор го имаат лидерите, е тоа навистина го нема никаде. И, сега, како да поддржите нешто што е изградено врз ваква катастрофална основа. Па дури и во комунизмот имаше подобро направена маска за наводна независност на обвинителите од Централниот комитет отколку што е ова. Патем, за да биде иронијата поголема, потоа истите тие од Европа ќе ви дрдорат дека политичките партии имале влијание врз третата власт. А ова е само еден од најбенигните примери за дебилноста на законот врз кој почива структурата на СЈО и за начинот на кој е урнат целиот нормативен дел од кривично правниот систем во Македонија. И кога тоа би го поддржал Заев, тогаш имате лесен одговор – човекот не ги разбира овие правни работи, плус СЈО работи исклучиво во негова полза, па може да зборува за негова поддршка. Ама кога тоа ви го велат некои што претендираат дека се со педигре, е тогаш работата станува малку посериозна. Бидејќи ви станува јасно дека тоа што тие го поддржуваат не е СЈО и наводната борба за расчистување на сомнежите од снимките, туку разградување на правниот систем на државата во делот во кој тој е најчувствителен – слободата и правата на граѓаните во кривичниот дел.

И така доаѓаме до сличното од делот со Владо Јовановски. Kако што таму за војна обвинуваат тие што сесрдно работа во нејзина полза, овде на правен поредок повикуваат тие на кои тоа, прво не им е надлежност, а второ, токму тие со нивната поддршка за вакви креатури како СЈО го уриваат тој поредок, што е најкус пат до анархија и хаос.

Дарко ЈАНЕВСКИ за Дневник

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This