КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Две Македонии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Darko-JanevskiОткажувањето на СЈО и Kатица Јанева од „Пуч“ со очигледна порака дека ќе се обиде да прикаже дека власта сама себе се прислушувала, а Верушевски и неговите се жртви на монтажа, како и фактот дека наспроти барањето на Законот за кривичната постапка, не постои можност да се обжали ваквата одлука, не оставаат многу дилеми за тоа што понатаму треба да се прави.

Најрадикалното решение, се разбира, е да се почитува правниот поредок на оваа држава и Уставниот суд конечно да стави крај на оваа заебанција (само кај нас почитувањето на правото може да се смета за „радикалност“, но дотаму дојдовме). Но, бидејќи, кога е СЈО во прашање, правото не важи еднакво за сите луѓе во оваа држава, а тоа е проект инсталиран од фамозната меѓународна заедница со сесрдна домашна помош, тешко е да се поверува во реалноста од таквата операција, па останува барем да се надеваме дека Советот на јавните обвинители конечно ќе почне да си ја врши работата и ќе го земе в раце предметот за стручноста на овој парауставен орган.

Тоа е најмалку што може да се стори во овој стадиум, сеедно што Јанева се обидува да н` убеди дека таа во овој момент има поинакви докази од тие што се содржани во досието кое наводно беше подготвено да го брани пред судијката Башевска, а тоа е реална можност во работата на еден обвинител и не може да се смета за некаква нестручност.

Сепак, наспроти тоа, целата операција на Јанева, која има пред с` политичка, па потоа правна димензија, е повеќе од очигледна, па вмешувањето на Советот на обвинителите е речиси нужно. С` друго остава простор за постоење две паралелни држави, кои впрочем веќе две и повеќе години егзистираат во реалноста, но сега работата е дојдена до точка на вриење. Зошто да се дозволи и натаму да постои систем во кој засегнатите немаат кому да му се жалат на одлуките на Јанева, како што на тоа имаат право кога станува збор за ЈО на Марко Зврлевски, е директен пат до колапсот на државата која и онака е на стаклени нозе. Овде веќе не станува збор за тоа дека СЈО е надвор од системот и дека на тоа се трошат четири милиони евра годишно (а Јанева сега, веројатно, се кае што барала само толку зашто комотно можеше да бара и десет и да ги добие), туку за фактот дека се случува апсолутно суспендирање на Законот за кривичната постапка.

Ако на поединечните случаи, како тој со непостојниот записник за предавањето на снимките или мајтапењето од страна на СЈО со кумановскиот адвокат што го тужи Заев за незаконско објавување негов разговор, во согласност со нашата слаба правна традиција можеше и да се одговори со одмавнување со раката, сега белки станува видливо за сите дека е во прашање системски проблем и дека тој системски проблем нема да се реши ни со т.н. кредибилни избори ни со создавање на анти-Сорос здружение. Уште помалку сето ова ќе значи крај на апетитите на онаа банда што шареше и кршеше по улиците на Скопје. Овде станува збор за нешто повеќе од тоа, односно за целосно дерогирање на правниот поредок и тоа мора итно да се врати во нормален колосек за да нема плачки после.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This