КОЛУМНА НА КОНСТАНТИН КЕРПИЧОСКИ: Ние Кондомите Ги Користиме За Други Цели!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

98bce7d9d49222dae020697d2909b8d4_XL_Easy-Resize.com_-1210x642Овој народ си ја сака сопствената земја, кај протестантите се изразени патриотските чувства и тие не припаѓаат на една или друга политичка партија ами припаѓаат на Македонија. Овој народ нема резервна татковина, нема каде да мигрира, нема двојно државјанство, нема пасош од туѓа држава, се што има е ова свето парче земја.

Кога ги оцрнуваат протестантите сум згрозен бидеќи и јас припаѓам тука, излегувам и протестирам и никој не ме натерал на сила, никој не влијаел било како на мене, излегувам за да дадам придонес во одбрана на унитарна Македонија, истото е и со останатите мои “колеги”.

За разлика од Грчев јас мислам дека овие протестанти не се тренирани во кампови од Канвас со професионални тренери и професионална обука за тоа како да протестираат на кој начин да креираат конфликти и како да уништуваат.

Еве повеќе од педесет дена на улиците ништо оштетено, ниту еден споменик сквернавен ниту пак некој нападнат или бојосан од боја во кондом, ние всушност кондомите ги користиме за други цели 🙂

Што се однесува на тврдењата дека ние го браниме Иванов, го браниме и ќе го браниме се додека ги штити националните интереси и додека е штит Македонски, доколку тоа се промени и нашиот однос кон него како претседател сигурно дека ќе се промени.

Разликата помеѓу нас и нив е во тоа што ние не гледаме која политичка партија е на власт, ова да се случеше и во време на ВМРО-ДПМНЕ ние пак ќе протестиравме а тогаш сигурно ќе ни се придружеа и претставниците на СДСМ, е тоа е разликата, кај нас владее патриотизмот.

На тезата дека Груевски не организира јас ќе одговорам што да правиме кога Груевски е на страната на Македонија-каква коинциденција нели? Што да правиме пак ние кога ВМРО-ДПМНЕ е единствена политичка партија која заедно со коалиционите партнери ги штити националните интереси? Зарем и за ова сме ние виновни? Всушност СДСМ треба вината да ја бара во себе и внатре во партијата а не во нас обичните граѓани на Република Македонија.

Инаку да го гледав интервјуто на Грчев и воопшто не сум фасциниран, всушност згрешив не требаше да трошам време на неговото интервју но го гледав од почит кон Ефтов и неговата емисија. Ако јас за Грчев сум измет, нека му служи на честа, тој за мене сигурно не е универзитетски професро.

И на крај, како тоа еднаш Иванов е почитуван претседател а кога ги штити националните интереси и не го дава мандатот за формирање на Тиранска влада тогаш е голем нечовек?! Двојни стандарди нели?

СЕ ГЛЕДАМЕ НА БАРИКАДИТЕ!

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This