April 25, 2024, 11:39 am

КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Што и недостасува на 2016-та?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

milenko_pretsedatelДа не биде дека везден го критикувам Претседателот Иванов, но навистина не можам да се согласам со констатацијата од неговото Новогодишно обраќање дека “2016-та што поскоро треба да ја заборавиме“!!!

А, еве го и младиот “нараштај“ Никола Србов се жали на старата 2016-та, оти нели ослабел 10 кила!!! Глупости. Колку само има луѓе, а особено женски, што би сакале да се со неговиот “проблем“, односно да имаат 10 кила помалку.

Туку, за изјавата на Иванов ми беше думата.

Навистина, зошто да ја заборавиме? Можеби, ако е во прво лице еднина “да ја заборавиш“ (пишман аџија за амнестијата, молчење за Пржино 2), и има некоја логика, ама во множина – не.

2016-та беше, пред се, победничка година. Да, да Господине Председателе – победничка. Победи Трамп во Америка, ако сте заборавиле. Победи Додик на рефередумот во Република Српска. Победи бугарскиот народ давајки му шут карта на кловнот Борисов. Победи и романскиот народ, да не заборавам. Ах да, и народот во Молдавија победи. И во Италија исто така, па на бриселскиот апаратчик Ренци му покажа дека не сака имплантирани туторти. Мислев, Претседателе дека Вашите “спољно“ политички адвајзери ќе ве известат и дека народот на Сирија, предводен од Башара Ал Асад, а помогнат од Путин, ги победија силите на ИСИЛ раководени од американски, израелски и саудиски воени советници. И, Вашиот пријател од Турција, Претседателот Ердоган, ги победи мрачните сили на американската амбасада во Анкара не дозволувајки воен пуч. Во победите ја набројувам и онаа Кумановската, каде нашите безбедносни сили ги победија теророристите.

А, сметам дека е очигледно, дека и ВМРО (партијата што Вас во два наврата ве направи Претседател) и нејзиниот лидер Никола Груевски ги победија Бејли, Гарет, Жбогар (заедно со Орав), СДС(безМ), исламистичките радикални сили, Сорос, УСАид, ЕУ, Коцијанчич, шарени, Катици, Заевци, мачкари, канваси…

Да, да… Мој драги Хорхе (прекрасен збор измислен од Еднооки), 2016-та беше ПОБЕДНИЧКА година и никогаш не смееме да ја заборавиме – напротив.

Можам да констатирам дека на а 2016-та и недостасуваа некои битни работи, но тоа не значи дека треба да ја заборавиме. И недостасуваше, на пример, повеќе храброст и доследност на Парламентот на РМ, па да се одоеше на избори уште во април, без да се крши Уставот. Недостасуваше решителност да се објават и имињата на странските воени инструктори убиени во Диво насеље. И недостасуваше многу повеќе кохонес за неколку амбасадори да беа повикани кај Вас во кабинетот на рибање. Да им се дадеше официјална нота, протест или да беа дури и набркани од Македонија. И недостасуваше транспарентност од страна на преговарачите што се журкаа во резиденцијата на Орав. Такви работи, да – недостасуваа. Но, не треба да се забораваат, оти поуки треба да се извлечат. Бидејки Вашиот наследник ќе треба да е човек со многу поголема храброст, решителност и акција во однос на Вас. Не верувам дека ќе може да се најде некој кој ќе е со Вашиот интелектуален и професорски капацитет, но засигурно на таа позиција е потребен многу порешителен патриот од Вас.

Јас Председателе, длабока сум уверен дека и 2017-та ќе биде победничка како и 2016-та. Односно дека Мари Ле Пен ќе победи во Франција. Дека германскиот народ ќе ја исшутира од канцеларијата канцеларката Меркел. Дека Вашиот колега Орбан повторно ќе ја добие довербата од народот. Дека Чешкиот народ ќе избере парламент што ќе ја продолжи политиката на Вашиот пријател Вацлав Клаус.

Да не заборавам, ако излеземе од Европа, победи очекувам и пролетоска на Претседателски избори во Иран кои ќе го детерминираат блискиот и средниот исток во следните 5 до 10 години. А со особено внимание ја очекувам победата во Кина идната есен на 19-тиот партиски конгрес, кога се очекува промена на поголемиот дел од 18-те члена на кинеското Полит биро (само позициите на актуелниот Претседател и Премиер се зацементирани до 2022-ра). Нешто што ќе ја одреди траекторијата на Кина и целиот свет најмалку за следните 15 години.

Па така, ја испративме ПОБЕДНИЧКАТА 2016-та, која никогаш и по никоја цена не смееме да ја заборавиме.

Ја пречекавме новата 2017-та (ова е моја прва колумна, пишана на први-први-2017 во 3.49 часот). Новата ПОБЕДНИЧКА 2017-та.

Првата победа ќе биде формирање на новата Влада на Република Македонија на чело со победникот на последните парламентарни избори Никола Груевски.

Доколку, нели, некој сака таа НАША победа во 2017-та да ја одземе, тогаш Македонскиот народ има “План Б“ за остварување на таа победа – 50.000 (10% од оние што гласаа за ВМРО) луѓе на улица, стратешки распоредени.

Победуваме.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This