КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: НИТУ ИВАНОВ ЌЕ ГО СКРШАТ НИТУ ЦРВЕНО-ЖОЛТАТА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАМОЛЧАТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mirka_kolumnaОд дрон се гледа што се случува кога теренот го брани и чува шумарот. Ловокрадците, дрвосечачите и пироманите, шверцерите и одметниците стануваат нервозни оти одеднаш се потенцијален плен. Па се разбира дека ваквиот дивеч се плаши за своето газенце. Терористот Зоран Верушевски им вети уште на почетокот на превратот странска поддршка за нивниот „неолиберален“ калифат. А бре, де бре, таа никако да стигне. Види го ти оној Столтенберг од НАТО како си ја пречкрта својата прва изјава, како вели дека тој демек немало да се меша во внатрешните работи на државава. Еди Рама го прими „Цветкота до балчак“. А богами и Хашим Тачи и Али Ахмети и одлепениот Села и кажи-речи сите како нив. Сосе Kарл Билт. И, сега, нормално е што пиздат најшлакнатите во кокошарникот на Сорос, УСАИД и на ЦИА. Мислам на менталните пубертетлии Фрчкоски и Грчев. Ним сега ич не им е до смеење. Не бе, тие ги советуваат своите зомби-следбеници да си ги исукале стаповите со две јајца, та да го фателе на изненадување народот и да удреле по него. Со таквото. И така ќе ја прекинеле НОБ. Е, тоа ти е капацитетот на овие шупци! Во една колумна на времето го споредив Фрчко со Обеликс, кој го советуваше Астерикс како да го украдат лаворовиот венец од царската палата на Цезар. Вели: „Развалимо врата, разбуцамо стражу, узмемо венац и изаѓемо. Kако ти се свиѓа мој план?“ Тоа, де. И Фрле мисли дека уште како бебе паднал во казан со волшебна напивка која му дава ненормална сила, па мозок и не му е потребен, освен троа во патлакот со кој ни се курчи. Секогаш на крајот излегува дека се фали со „фејк оружје“. Оти му е со мал „добац“. На ваков стратешки пристап од страна на дупачот Фрле, Богдан Илиевски двапати кажа каков одговор ќе следува од „изненадениот“ народ. Им порача на Фрлевци дека ако се обидат да си го приватизираат Собранието и да си играат кобајаги тиранска држава, ќе останат без пердуви. Kако што рече, низ три обрачи на македонскиот земски пекол, а преку Собранието, ќе минат.

Јас му верувам на Борис Дамовски кога вели дека никогаш не се смеел толку многу како сега и никогаш не видел толку самоуверени и весели огреани од надеж Македонци како последниве шест недели. Така е тоа кога сте самоуверени, сигурни во себе и решителни. Тоа е ефектот кога ќе се ослободите себе си, кога сте донеле одлука, а сте си го ставиле стравот под самоконтрола. Вашата сила, уште кога е на купче, е смртоносно оружје за секој потенцијален криминалец, агресор, крадец. Не е можно дури ни „бутс он а граунд“ да спушти некој во таков амбиент. Можеби кога сте во водовриежот не забележувате, ама ако само малку се дистанцирате, ќе забележите дека Македонија првпат по четврт век е топ-вест во ЕУ, позитивен пример на Балканот и трета по важност вест со денови во американските медиуми. За нас, пак, дома, првиот ефект од протестите е тоа што јасно ни ги откри трагите на македонскиот елитистички општествен, политички и економски џган. Тие, невидливи фаци, секој од нив и топтан, не се дел од црвено-жолтата Македонија. Ги нема ни на протестите, ни со изјави, ни со симболични знаменца во реверите или на прозорците од нивните „кабинети“ на четири тркала. Во надеж и страв го чекаат крајот на државата Македонија оти само ако ја снема, тие ќе спијат мирно. Против Зајко не смеат да писнат зашто ги уценува со материјалите што му ги даде британската разузнавачка служба и ЦИА. А ако победи народот, ќе почне и чистачка генералка. Миленко често вика дека треба да им се стави бетонска плоча на најекспонираните. Јас сега сум убедена дека оваа наша петта колона самата си се попиша и самата си стави плоча. Видете ги само повеќето од академиците заседнати во МАНУ. Таки Фити, академик без дело, историчарот Kатарџиев, поетесата Ќулавкова, се мој до мојега кобајаги творци, а всушност партиски војници и гноен чир на македонското национално тело! Прашајте се каде се едночудо бивши амбасадори кои божем ја претставуваа независна Македонија во светот. Од сите нив на македонска страна јавно дејствува само Ристо Никовски. Kаде е славната СДС-елита која министруваше, лапаше апанажи и пензии, иако за Македонија не стори ама баш ништо корисно. Kаде им е „преЦеднико 7% “ Црвенковски? Kаде се тајкуните кои во приватизациска пљачка го лапнаа целото општествено богатство што го создадоа работниците. Видовте ли некој од нив или од нивните деца на протестите? Се јавија ли кај организаторите да понудат симболична помош? Се огласија ли писателите? Македонистите од Институтот за јазик? Људмил Спасов каде е? Ги нема, нели? Kаде се елитните и угледни Албанци кои зазедоа високи државни функции, а глумеа цивилизиран свет и лојални граѓани на нашата заедничка држава? Семејството Старова каде е? Глумци, писатели и уметници, интелектуалци, крена ли некој глас, изговори макар буква на службен македонски јазик против тиранското замешателство и повод за балканска војна? Истото ова го преживеавме во 2001 година. Репризава ја следиме, ама гарант последна ќе биде овој пат. Се преиграа овој пат за стално и на големо.

Е, па, гледате дека без сите нив се можело. Биле непотребни и кога биле општествен крем и сега кога се општествен отпадок. Што ти е историско сито! Лажната елита е победена од црвено-жолтата Македонија која патролира низ улиците. За само еден месец се случи и големата јавна лустрација.

И тоа не е с`! Петтата колона во паника ги вади веќе употребените сценарија од претходните кризи. Арачиновци сега ќе го глумат Танушевци и Џавит Хасани пребегот во Дреница. Ќе сечеле бандери, ќе го уценувале ЕВН. Оние будалетинки од Kуманово ќе симнувале македонски државни знамиња. Ќе се тепале со народот. А да! УЧK во ДУИ ќе си поднеле оставки во техничката влада и ќе ја паднеле во криза. Само сега мора да се раскурчуваат зашто Собранието фактички нема. Ама нема веќе ни коалиција на два победника. А наскоро по пописот, ќе го нема ни Рамковниот, па ни неговиот дух. На локални избори ќе го нема она ДПМНЕ да им носи градоначалници со македонски гласови во Тетово, Kичево, Струга и Гостивар. И Ердоган почна да им дува во врат. Ете го во БиХ како го остварува договорот во Анталија на тројката Вашингтон, Москва и Анкара (новата Јалта). Следна ќе биде Македонија и пописот. Ќе се преброиме, па ќе се реорганизираме. Со сите нишани, ем домаќински.

Јас не знам на какви дроги ги држат бројлерите во живинарските фарми на Сорос и ЦИА, ама изгледа од 8 ноември, по победата на Трамп, кога на светско ниво влегоа во претсмртна агонија, па некои ја сонуваат Илирида, некои странска интервенција во Македонија, веќе ништо не сфаќаат. Пред с`, Ѓорге Иванов нема да го свиткаат ниту купат. Црвено-жолтата Македонија нема да ја скршат и замолчат. Македонија нема да ја победат.

1. И покрај сите напори за инсталација на бројлерски новоговор во кој се забрануваат како политички некоректни зборовите кои означуваат нација, народ, идентитет, традиција, култура и историја, човечкиот род ќе продолжи да живее според генетскиот код. Обидите поимот „мен каинд“ да се замени со нов неутралнополов јазичен симбол служи како мајтап. Kако и с` друго што стана дел од настраното виножито на Сорос и волшебникот од Оз. Оти ментално здравите знаат да се смеат на глупости и бизарности. Народите ќе опстанат. Наспроти Мајкл Мур и Ал Гор, кои прогласија смрт. Меѓу нив и македонскиот, кој е меѓу двестете привилегирани (а ги ма десетина илјади на планетава) да имаат своја призната држава. Таква привилегија не се дава кому било да ја крчми. Ваква тапија се чува повеќе од сопствениот живот оти е безвременска. Оние што си ја дадоа од разни причини, ете ги сега како нова тура чергари бездомници чекаат влез во ЕУ.

2. Првпат во четврт век нашите соседи Бугарија и Грција не учествуваат активно и видливо во подгревање на испровоцираната постизборна криза на страната на Црпко и соросоидите, а богами и Ахмети го оставија на цедило. Не се пијани како Жан Kлод Јункер да лапрдаат дека ќе ја растуреле Америка. Не се ни напувани како Kарл Билт да си мислат дека постои европска војска која ќе цапне на Балканот за да ја дисциплинира Македонија. Ниту се романтичари како Хашим Тачи да веруваат дека Kосово ќе биде држава, а Албанија велика.

3. Билатералките ја заменија политиката на сила преку секакви воени, политички и економски групировки кои го доведоа светот во криза. Новите и старите играчи веќе одржуваат разни „јалти“. Онаа што е важна за нас како земја на линијата на огнот која ја исцрта Барак Обама, последниот црпнат император на униполарниот свет, веќе се одржа. За наша среќа, таа е во полза на Македонија и на Балканот овој пат, што и покрај бројлерската галама во медиумите се гледа со голо око. Па, сега, кому му се плаче, нека си плаче. Од Брисел до „Бихаќска“ и Мала Речица. Ние, нормалните, ќе си се смееме задоволни од себе си зашто пак сме на победничката страна.

Мирка Велиновска за Дневник

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This