March 19, 2024, 12:03 pm

КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Вака почна и во 2001-ва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

nata_kolumniАко некој се сомневаше дека во Македонија е можен меѓуетнички, или интеретнички (меѓумакедонски судир) тогаш испоставата на фашистичката креација „Дојче Веле“ во Македонија потврди дека активно се работи на тој план, соочени со реалноста дека формирање на влада преку изигрување на уставниот поредок на земјата нема да успее. Ова, имајќи го во предвид народот кој 40 дена активно е спротивставен, и на улиците.

Знаете, и во 2001-та оние кои денес пропагираат демагогија на псевдоморалот измислен во бирократските средини во Брисел, инкубирани под УВ светлата на Клинтоново-Соросоидната коалиција, на ист начин го разгоруваа антагонизмот помеѓу етничките заедници во Македонија.

Со измислени конфликти помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската заедница, и тропање со тенџериња пред МВР во името на некаква демократија која им била загрозена од ЦИАшките структури несреќно инсталирани од, и тогаш додворувачкото раководство на владеачката партија кон евроатлантските „партнери“, навидум ситуацијата изгледаше наивно, или во најблага форма кажано нормално.

Новинарите, кои и тогаш и денес дебело се финансирани од истите фондови со кои се инкубира псевдоморалот во ЕУ, во Македонија бараа промена на тогашната министерка за внатршни работи Доста Димовска. Добија оставка, и започна демонтирањето на безбедносниот систем, додека паралелно се водеше јавна реторика дека ВМРО е причината поради која Албанците немале доволно права во Македонија. Притоа, заборавајќи на настаните во Гостивар, тепањето на Албанците кои бараа Универзитет во Тетово, и сето тоа под палката на Фрчковски. Истиот оној, кој денес бара за „немиените уши“ да се влечел Трајко Велјановски надвор од Собранието.

Истата оваа тенденција, сега само со променети сценски актери повторно почнува со стратегијата на предизвикување на конфликт, бидејќи друг начин на кој СДСМ би можеле да дојдат до власт не постои. Не постоел во 25 години независна Македонија. Тие никогаш не добиле власт, легално и легитимно, преку изборна победа. Секогаш пред доаѓањето на власт на СДСМ, Македонија била во длабока политичка или безбедносна криза. Последниот пат имавме војна. Ќе имаме пак.

И ако перспективата дека конфликт, без разлика дали ќе биде интеретнички или меуетнички, досега беше можеби неверојатна, пропагандата која ја шири гебелсовата креација со испостава во Македонија „Дојче Веле“, поткрепена со повиците на Фрчковски и извесен неуспешен писател и пропаднат актер за насилство во Собранието и на улиците, веќе е повеќе од сигурно.

Но вината за ситуацијата во која е доведена Македонија, за волја на вистината треба да се лоцира и на друго место.

Гандиевската политика која ја води ВМРО-ДПМНЕ, во моментов е генератор на се поотворените закани на СДСМ и осоколените екс-команданти и дезертери на ДУИ.  Кога би функционирала правната држава, ваквите појави и повици на отворен конфликт промтно би биле соодветно санкционирани, и замолчени. Наместо тоа, од победничката партија гледаме дебата и реторичка осуда на овие тенденции. Тоа, не е доволно.

Она што дополнително предизвикува чувство на несигурност кај граѓаните е и резигнираноста на одредени претставници на победничката ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се спомне Русија, до степен да се негираат и резултати од спроведена анкета во која народот смета дека Русија би требало да ни биде стратешки партнер, наместо евроатлантските лицемери. Тоа според одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ не било важно. Важно било што тие мислеле, функционерите кои навидум се борат против игнорирањето на народот, во духот на нивната про-западна ориентација го игнорираат. Лицемерно во најмала рака.

Дополнително, непринципиелно е да се стави знак на еднаквост помеѓу соопштенијата на МНР на Русија и бруталното вмешување на евро-атлантските терористи во вратоврски. Да биде појасно, активностите на Русија во Македонија се сведуваат на културна соработка, концерти, отворање на библиотеки и концерти. Евро-атлантските „стратешки партнери“ отвараат канцеларии во Министерството за Одбрана, МВР. Бараат да присуствуваат на планирање на стратешката одбрана, да сугерираат како да се раководи со полицијата. Непринципиелно е, две соопштенија на МНР на Русија во кои никој на никому не му диригира како да постапи, да се квалификуваат како вмешување.

За разлика од тоа, заканата на Столтенберг дека ако Иванов не му го даде мандатот на Заев, ќе значи дестабилизација, тоа е мешање. Или она на Хан и Могерини.

Постои и еден пример кој особено јасно ја отсликува „стратешката“ соработка на Западот со Маедонија и пластично објаснува како евроатлантските ни сојузници ги третираат Македонските политичари како презервативи.

Министерот за внатрешни работи во 2001-та, сакајќи што повеќе да се додвори на САД, а по налог на Љубчо Георгиевски непокорно ги извршуваше сите зададени наредби на „партнерите“, дури преземаше и активности на своја рака, велејќи дека тоа било во „духот на глобалната војна против тероризмот“. Откако ги исполни сите барања и наредби од „партнерите“, беше испратен во Хаг, бидејќи тоа што тој го исполнуваше на барање на Западот се сметаше за „воено злосторство“, и заврши на црната листа на САД.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ во потполност не застане позади народот кој секојдневно во стотици илјади е на улиците, и не ги слушне нивните барања во целост, и додека не го смени курсот од покорност, кон еднаков партнер кон Западот но и Истокот, Македонија ќе биде соочена со заканата од нова војна. Овој пат меѓумакедонска, во која оние кои не го слушале народот, први ќе се соочат со неговата правда.

 

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This