КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Доста се глупирате!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

nata_kolumniНезнам. Незнам како, веќе длабоко влезени во третата деценија од независноста на Македонија, во државата сеуште просперираат луѓе кои целата своја кариера ја поминале пропагирајќи нешто во кое и самите не веруваат.

Не верувам дека, Блажевска на пример, која е се освен профсионален новинар, имајќи ја во предвид незината полициско-кодошка биографија, верува во она што го пишува.
Замислете до каде оди забеганоста и хистеријата. Народот масовно купувал конзервирана храна и се припремал за судниот ден, кога некоја фамилија ќе предизвикала војна и незнам што.

Не верувам дека и самата верува. Мислам, сигурна сум дека и таа незнае во што верува. Односно, верува во она што ќе и кажат дека треба да верува. Ништо повеќе.

Можеби, во нивните очи и во нивниот мал, изолиран свет на соросоидна, полициско-пропагандистичка сапуница и постои таква хистерија и страв. Па можеби и навистина масовно купуваат конзервирана храна. Но тоа се изолирана група на луѓе. Тоа се тие кои се свесни дека го навлекле гневот на народот.
Свесни се дека се на нишан, и дека тие, заедно со нивните ментори први и пред се ќе го „јадат“ стапот.

Ама, ајде малку да видиме зошто во Македонија сеуште просерираат самонаречените новинари, од калемот „табула раса“.

Самонаречената „новинарска елита“, статус граден преку нивните добро познати брендирани соросоидни и суперсдсмовски пера, едноставно е невозможно да ја игнорирате. И не поради тоа што ќе слушнете, прочитате или научите нешто паметно. Напротив.
Неверојатни се нивните небулози, професионалноста која се граничи со космичка глупост и грдотија која сакаат да ја наметнат врз јавното мислење како брилијантин, врз кој треба да се лизне колективната меморија.

И, постои еден период кога оваа нивна пракса им тргнуваше од рака. Да. Од 98.год па некаде до 2006 година, успеаваа некако да го лизгаат народот на брилијантин. Во меѓувреме, СДСМ направи војна. Со истите актери. Додека народот беше патосан, лизнат. Ама, тоа некогаш можеа. Колекивната амнезија која сакаат да ја извршат врз Македонската јавност, одамна е дијагностицирана, а лекот се препишува во дози „интернет“ три пати на ден.

Е сега, кога народот ја спозна оваа самопрозвана новинарска „елита“ која сопствениот народ го смета за небањат, идиотски, стока или незнам што се останато, се откри и нивната долго криена тајна.
Токму овие, како Блажевска, Героски, Јовановски и редица други, всушност биле првите кои се гаделе од самата помисла на када и вода. Шампон и сапун. Веројатно свесни дека нема вода која може да ја испере нечистотијата која ја носат, па се исплашени да не се удават во сопствената екскреција во која ќе пропаднат.

Но шегата настрана, еве ќе се обидам да и помогнам и да и дадам совет, два на нереализираната Блажевска од „Дојче Веле“.

За почеток, нека ја вклучи сопствената глава. Прво поради здравјето. Опасно е веќе, знаете, со години кога ви се прави лоботомија во редовен и претходно закажан термин.

Откако ќе го направи овој чекор, нека започне со отфрлање на излитените и веќе досадни тези. На пример, навистина е досадно и глупаво повторувањето на едно та исто. Ниту народот е диригиран од некој партиски центар, ниту штити нечии интереси. Ги штити сопствените. Еве, нека излезе на улица и нека праша. Токму тој народ можеби највеќе одговорност бара од ВМРО-ДПМНЕ. Народот е свесен дека требаше одамна и согласно законот Заев да биде затвореник. Благодарение на православната традиција и во духот на христијанството ВМРО попушти па прогледа, демек ајде да не „таласаме“.

Откако ќе ги напави овие два чекори, нека се осврне малку и на минатото. Така осврната кон минатото, да се потсети на булументата околу нејзе застаната во минатот век кога Фрчко во време кога полицијата возеше фиќовци, тој купуваше расни коњи (кои потоа беа именувани во Фрчко 1, Фрчко 2 и Фрчко 3, и продадени на лицитација. Како стока. Иронија нели.)

Спиритус, Севда и Тина, коњи од по 12.000 марки грло тогаш беа оправдани, а бесплатниот превоз за пензионери не е. Ај, чукнете ја главата малку.

Излезете од филмот дека купување коњи е реформски, демократски, ама поттикнувањето и устоличувањето на Македонскиот идентите било криминал.

Не бе, сироти.

Криминал е шверцот со цигари на Данчо Шутурков. Некаде пет милиони марки во џебот на БЦ и Љ.Д.Ф.

Криминал е исчезнувањето на кокаин од депото на МВР.

Криминал е приватизацијата.

Криминал е набавката на 400 возила за МВР од АСИБА договорена во четири очи со шурата на БЦ.

Криминал е атентатот на Киро, направен како ПР евент за одвлекување на вниманието на народот од предавството на државата.
Да, знаеа тогаш дека народот ќе ги запали живи во пленарната сала ако изгласаат промена на знаме и име, па сценираа атентат.

Тоа е криминал.

Професионализирајте се, доста се глупиравте. Ајде охрабрете се и кажете ни, како тоа СДСМ ќе ја реформира Македонската економија. Преку примерот на „Тетекс“, ли? Кога ќар имаа само „Фершпед“ и „Макошпед“ како олигархиски синови на БЦ?

Неупатеноста и површноста на Блажевска очигледно не и помнага ниту нејзе , кога загрижено се обидува да наметне страв и неизвесност кај сите вработени во општинските институции дека ќе останат без плата, без притоа да истакне дека постапката за промена на Законот за локална самоуправа и понатамошно непречено функционирање до новите локални избори веќе е во Уставен суд.

Затоа, за да не се плашите од војни и да не ги трошите парите на конзервирана храна, потрудете се да се професионализирате.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This