КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Катица само ги поросува цвеќињата на гробот кој го ископаа „стратешките партнери“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

nata_kolumniСеуште не ми е јасно зошто одлуката на Катица Јанева да го повлече предметот „Пуч“ и на тој начин по трет пат да го аболира Заев и Верушевски е причина за шок кај македонската јавност. Уште од самиот почеток беше познато дека формирањето на СЈО беше со цел институционално да се заштитат оние за кои некои од „горе“ поднесуваа гаранции дека ништо нема да им се случи се додека ја тераат нивната агенда.

И додека во соседството се случуваат сериозни безбедносни превирања, одново се формира конгломерат на актери кои би требало да предизвикаат нова меѓуетничка балканска војна, Македонија по тригодишната агонија запаѓа во хистерија која набрзо ќе се претвори во сериозна безбедносно-политичка криза. Она што всушност и на почетокот беше оригинаната намера на „оние од горе“ со кои Заев го заплашуваше Груевски во неговиот кабинет.

Јасно е дека не постои правна основа за повлекување на „Пуч“. Особено не доколку се знае дека за истиот предмет пред очите на цеокупната јавност јасно беше презентирана снимката од ПИ мерките на кои можеше да се види и слушне лидерот на опозицијата како бара од претседателот на Владата да отстапи од функцијата за да не дојде до поголеми проблеми. И денес, ние треба да бидеме зачудени од одлуката на Катица. Ма, не.

Пред Катица да го направи овој потег, кој веќе не е ниту преседан, туку по Пржинскиот договор стана востановена пракса со која се елиминира аплицирањето на законот врз оние кои одработуваат агенди за некои „од горе“, прв нога повлече претседателот Ѓорѓе Иванов. Да. Тој прв ја одигра улогата на спасител на тие од „горе“, преку масовната амнестија на политичари и бизнисмени кои беа вклучени во сценариото за криза.

Тогаш како и денес тврдев, и тврдам дека амнестијата воопшто не беше со цел да се обезбеди сигурност кај политичките актери за конечно да се излезе на избори. Не. Вистинската намера беше да се сокријат оние кои навистина прислушувале, оние кои му ги дале материјалите на Заев, и оние кои по ниту една цена не смеат да дозволат во светот „црно на бело“ да излезе доказ дека токму тие се виновниците за реките крв во Украина. За погромот во Сирија, за Косово…Бидејќи ако тогаш Иванов не ја потпишеше амнестијата, уште тогаш ќе беа обелоденети вистинските виновници. Не дека не ги знаеме, ама во тој случај ќе беа заверени. И, не дека не знаеме, ама погрешно беше што од јавноста се сокри дека токму пред одлуката на Иванов на „гости“ кај претседателот бил Бејли, Гарет и италијанецот.

И тогаш, како и сега истите тие двојно капитализираа. Потпишувањето на амнестијата со која беа ставени на безбедно сценаристите, беше и причина за организирање на масовни демонстрации низ државата. Токму тој потпис значеше фарбање на споменици и институции, демолирање на државни институции, блокирани улици, ескалирање на тензии. И денес, и по повлекувањето на обвинението за „Пуч“ повторно двојно ќе капитализираат. Всушност веќе и започнаа. Веќе започна да се турка приказната дека Катица била светлото во правосудната темнина, која за прв пат отфрлила обвинение во кое немало докази. Сега ќе се турка приказната дека досега луѓето биле судени без докази, па дошла Катица и не просвелтила. Жити се?

Но, каде е грешката?

Како и многумина, и јас ќе кажам дека грешката е во тоа што Заев и Верушевски не беа уапсени на излезот од Владата, истиот ден кога било направено кривичното дело за кое беше подигнато обвинението „Пуч“. Грешката беше направена под притисокот дека не треба да ги предизвикуваме и лутиме нашите „стратешки партнери“ кои всушност се и покровителот на Катица, Заев и Верушевски.

И сега ќе си ги сносиме последиците. Ќе бидеме сведоци на рушење на правосудниот систем, на системот на извршната и законодавната власт, на државата.

Ваквата одлука не е ништо повеќе, отколку начин, обид да се предизвика евентуален пресврт во преговорите за владина коалиција. Нели, Заев беше обвинет, а БЕСА не сакаше да коалицира со лица обвинети за кримнал. Сега веќе не е обвинет. Крајната цел пак е, преку вакви коалиции и политичк смутови на крајот да се предизвика доволно гнев кај двете најголеми етнички заедници, па заедно со препукувањата на северот на Косово, република Српска и Црна Гора да влеземе во судир кој ќе го оконча конечниот успех на администрацијата во заминување од Белата Куќа.

Пред да влеземе во спиралата на смртта, наречена Балкански буре барут единствената можност да се спречи понатамошното реализирање на планот за предизвикување на меѓуетнички конфликт кој на крајот ќе конвергира со оние во Србија и северот на Косово, Република Српска и Црна Гора, остои можност тоа да се спречи.

На главата над Заев се уште виси „Поткуп“ од 200.000 евра, кој исто така е поткрепен со обилна количина на материјални докази меѓу кои и ПИ мерки од разговорот помеѓу него и бизнисменот кој требало да ги даде парите. И од овој случај Заев бега, се одложуваат рочишта, се измислуваат причини само за да не се одржи рочиштето.

Решението е едноставно. Конечно да почне да важи законот за сите подеднакво, не само за велешанецот кој крадел ќебапчиња. Правосудните органи да застанат на вистинската страна, и да го испорачаат обвинетиот пред суд. Дали тоа ќе биде на сила, или во лисици. Тоа мора да се случи. Подобро порано, отколку подоцна.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This