КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Плукај бе, братучед!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу силни бе, се покажавте плукајќи по своите. Демек големите интелектуалци, важните ликови во ВМРО-ДПМНЕ па ќе плукаме и ќе се спротивставиме на „врховистичката“ организација, замислувајќи дека сте дел од онаа иделогија на славни револуционери кои се спротивсатувале на врховистите.

Не драги мои, реалноста е дека вие сте само група на инескти, мекотели, кои во мрежата која се плете околу ВМРО и Никола Груевски во кои се крстевте во последните 12 години, сте се заглавиле без да знаете. А, како би можеле да знаете кога единствената амбиција од која се водите е што повеќе да се докажете дека сте попаметни од другите и дека токму вие сте требале да бидете тие кои ВМРО ќе ги промовира. А, не сте биле промовирани.

И наместо самокритичност и потрага по начин на кој ќе му помогнете на лидерот во кој се крстевте додека беше власт, и партијата која какви-такви никогаш не се дистанцираше од „интелектуалата“ која носеше повеќе штета отколку корист за организацијата, вие повторно покажувате дека за вас е полесно едноставно да плукате по се што е подобро од вас, отколку да се приберете, да се фокусирате и да најдете начин да помогнете.

Сите знаат да плукаат. Во Македонија, а особено во ВМРО-ДПМНЕ може да се организира и лига во плукање во далечина. Во тоа верувам дека ќе бидеме олимписки прваци. Но, тоа не е суштината. Срамота е да кажете дека сте ВМРО, а во исто време наместо тврдокорноста во која се колнете, да проектирате малодушност. Малодушност, онаква каква што сте проектирале и претходно, поради која не сте биле земени во предвид кога се распоредувале клучните функции на партијата.

Не сте сигурни, не сте тврдокорни, нелојални, не сте од збор. Затоа не сте биле земени во предвид, но во исто време не сте биле ниту отстранети и заборавени. Ниту дистанцирани. Секогаш сте биле во првите редови на прославите на партијата. Ама, кога партијата била власт тогаш тоа за вас било престиж. Најголем престиж. Затоа што самите по себе не сте вредни да бидете покажани на излог во Амстердам.

Од оваа гледна точка, насловот со кој соросоидната новинарка Катерина Блажевска се обидува да го искористи „Дојче Веле“ во партиската битка во Македонија може да се оправда. Да, насловот гласи „реформаторите добиваат се поголема поддршка“.
Не се чудете, токму овие „интелектуалци“ кои решиле дека полесно е да плукаат по партијата врз чиј грб се влечеа цела деценија, не биле доволно „интелектуалци“ кога требало да видат дали со тоа што го прават всушност несвесно се дел од „реформаторите“ кои за цел имаат да ја деформираат ВМРО-ДПМНЕ. И тоа, финансирани од истите оние центри кои толку ревносно работеа против ВМРО.

Знаете, најлесно е да плукате. Ајде, ќе плукаме сите. Виновни ќе се и Ѓорѓе Иванов, и Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и незнам кој се не. Можам и јас да плукам. Особено по некои луѓе кои сеуште се дел од раководството на партијата. Ама одбирам да не плукам. Не затоа што се плашам, туку затоа што не сакам да бидам дел од оние кои сакаат да го уништат последниот бедем, последниот елемент на Македонштина во државата, ВМРО-ДПМНЕ.

Едноставно не е сега времето.

А, вие што плукате и мислите дека проектирате некаква храброст, продолжете. Продолжете затоа што за вас веќе никогаш нема да има место помеѓу вистинските ВМРО-вци. Не затоа што некој ќе ви се одмаздува и реваншира за тоа што сте го напишале, туку затоа што додека мислите дека покажувате храброст, вие покажувате подмитливост и малодушност, додворувајќи и обидувајќи се да си обезбедите „место под сонцето“.

Плука СДС, плука Сорос, плука Бејли, Гарет, Хан, УЧК. Плукај и ти. Ама, џабе ќе лижеш потоа!

Плукај бе, братучед. Плукај!

 

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This