April 24, 2024, 11:39 am

КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Поправен тест на стратегијата од 2001!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште во моментот кога коњаничкиот полк на Амерканската армија стациониран во Германија, најави дека во стратешкиот план за оваа година им е марш кон Македонија за кој долго се спремаат, а Трамп ја реафирмираше наредбата за национална вонредна состојба по однос на загрозените надворешно-политички интереси на САД во Македонија поради „екстремистичко насилство против спроведување на Охридскиот рамковен договор“, само оние кои навистина наивно гледаат на политиката не претпоставија што ќе се случува.

Денес, секретарот на Путин од неговата партија, Сергеј Железњак пак ја реафирмираше и позицијата на Русија дека активно се работи на изградување на стратегија за формирање на т.н. Балкански Сојуз или скратено Б-4.

Секако, играта е многу поголема гледана од овој аспект. Не се работи за демократија, ниту слобода, ниту живот. Тоа и искуствено можеме да го потврдиме во првите две недели. Не.

Како што впрочем не се работеше за демократија и човекови слободи и во не така далечната 2001-ва.
Како и тогаш, така и денес, САД има насушна потреба од Македонија да направи кризно подрачје, неподобно за големи геостратешки проекти, а притоа да ја искористи територијата на државата како резервен бегалски камп, за олабавување на односите со Турција.
Во 2001-та, сценаристите, исти како и денес САД и „европските“ Велика Британија, Франција, Германија, Италија, проценија дека за заштита на нивните интереси оваа стратешка положба која ја има Македонија, мора да биде дестабилизирана и запоседната со нивно влијание и притисок. Притоа негрижејќи се за колатералната штета и нарушените животи на народот кој живее во оваа држава. Односи кои никогаш повеќе не се рехабилитираа.
Изменаџираа конфликт, на кој претходеше афера со прислушување и удар врз безбедносните служби на МВР, за на голема врата да можат да ги внесат нивните послушници, кои под диктат на Фејт беа нужно зло, освен ако тогашното раководство не беше спремно да дозволи Македонија да биде бомбардирана од НАТО.
Така, и терористите станаа „борци за човекови права“, „турсити“, „политичари“ и што ли уште не. Звучи познато, нели?

Македонците кои беа жртви, кои ги дадоа своите животи за одбрана на својата татковина, никој никаде од овие окупатори не ги спомна и не ги засегаше. Многу поважно беше дали и колку биле малтретирани терористите.

Тие терористи влегоа во влада со СДСМ и останаа до денес.

Меѓународната заедница отиде дотаму, што формираше и ад-хок трибунал т.е. Хашки Трибунал, за да ги оправда злосторствата на терористите, на сметка на државите, политичарите, полицајците и армиите кои ја бранеа нивната земја.

Секако пропратните елементи својствени за нив беа присутни како: навреди, закани, уцени, газење на достоинството на државата и народот , како директно така и преку продадените души од наводните НВО организации, продадените новинари кои исфрустрирани од својата неспособност, радосно се согласија да бидат презервативи. Македонија од нападната земја беше обвинета за напад, а терористот стана жртва.

Имавме влада на СДСМ со терористите. Следуваше период на криминал, замајување на јавноста со спектакуларни апсења на предходни функционери од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, поделба на партијата…со таа разлика што тогашниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја свитка кичмата и се повлече за да може да работи на нивното сценарио кое се крчкаше уште тогаш, и од Македонец стана Бугарин. Исто како и Заев.

Е, сега ќе биде исто.

Истите овие, кои тогаш го брифираа Веруш со снимки, а Бранко ги делеше по новинари, амбасадори и функционери, сега повторно имаат потреба од кризирана држава. Држава која ќе биде неподобна за широките геостратешки интереси кои се од корист за државата.
Ако во 2001-та година успеаа да направат меѓуетнички конфликт, овој пат се подготвува меѓумакедонски конфликт. Зошто, ќе се прашате? Пред 16 години, меѓуетничкиот конфликт се покажа како промашена стратегија, затоа што тогаш и оние од СДС (не многу за волја на вистината) и оние од ВМРО-ДПМНЕ земаа пушка и излегоа на фронт. Наместо поделба, тогаш направија единство.

Е, по 16 години им текна. Треба меѓумакедонски конфликт, а како најдобро би го направиле тоа, освен по истата рецептура да бараат будала која ќе биде на чело на владата, а оттаму да го разгневуваат членството на најголемата македонска партија.
Најавите за апсење на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, или некој од неговите соработници има само една цел. Луѓето кои гласале за ВМРО, но и членовите намерно да бидат извадени од „контакт“, да направат грешка, а СДС да го активира сопственото членство како „одговор“. Тоа води до крвопролевање и нова војна. Овој пат до искоренување.

Затоа, не се радувајте на најавите на Ката, тешко вас.

И ова не како закана, туку како предупредување. Предупредување затоа што играта е поголема од Вашите глави, поголема од Македонија. Поголема од регионот. На крајот, Груевски е пречка за промена на името и продавање на идентитетот, за да бидеме обезличени пред светот. Груевски беше и пречка која не дозволуваше конфликт. Затоа, најпријателски. Замислете се што посакувате.

24 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This