April 25, 2024, 10:54 am

КОЛУМНА НА НАТАЛИЈА ИВЧЕВА: Џабе Кате и ја переше чипката на Катица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

nata_kolumniКатица Јанева не е оратор, ниту филмска ѕвезда. Вака гласеше одбраната на армадата соросоиди по катастрофалното интервју на Јанева за МТВ.

Не дека некој во државата очекуваше спктакл од интервју со јавен обвинител, скандалозно беше тоа што наспроти очекувањата на истата таа јавност, таа јавна обвинителка, во случајов специјална, да има основни познавања од правото. Секако, читањето на извештајот за работата на обвинителството не беше спорен момент, она што беше запрепастувачко е тоа што, Јанева буквално ги читаше поимите кои би требало да ги знае наизуст.

Никогаш не сум можела да разберам како некои луѓе застануваат во одбрана на она во кое и самите не веруваат. Но претпоставувам за се има причнско-последнична врска.

На пример, во Македонија постојат и онакви, т.н. новинари, кои благодарние на нивната полициско-политичка бременост, што би рекол Чокревски, воопшто не чувствуваат срам или морална одговорност за тоа што ќе го кажат или напишат. Воопшто. Напротив, истите тие благодарение на „бременоста“ по логиката на секоја проститутка, ги користат бенефитите од трудничкото боледување, па бараат и контра услуги. Така, впрочем и се создаваа онаа бариера помеѓу она во што веруваш, и дијаметралната спротивност во она што го кажуваш. Барем така не наведува да мислиме примерот на Катерина Блажевска, која периодов се обидува да го кажува она во што и самата не верува, и тоа да го пласира пред германската јавност, користејќи ја државната агенција „Дојче Веле“.

Мака измачи Блажевска, да ја оправда Катица дека таа не била филмска ѕвезда, и од нејзе не требало да се очекува спектакуларен јавен настап, туку нејзината префинетост ќе се докажела во судница.

И, ок. Се сложувам. Не би требало еден јавен обвинител да се однесува како драма кралица, без разлика каде се наоѓа. Дали и се обраќа на јавноста, или пак тоа е приватен разговор.

За жал, случајот не е таков.

И по сите тези и рецензии на квази-експерти и новинари, соросоидни и оние на Бејли, Катица Јанева и Фатиме Фетаи, денес буквално, да не искористам посилен збор, уринираа врз секој збор кој имаа да го кажат во нивна одбрана.

И самата Фатиме впрочем кажа, таа денес држела „часови по глума“ кај судијата, притоа навредувајќи го судот за што заработи и казна од 2.000 евра, кои низ смеа изјави дека „ќе ги плати народот“. Нејзе не и гајле. Ама ич.

Во текст објавен на „Дојче Веле“ на 20 септември минатата година, како што реков, Блажевска ќе застане во силна одбрана на Јанева, одејќи дотаму да каже дека, воопшто не било важно дали обвинителката ќе се појавела во чипка или не. Дури и им пресуди на медиумите кои ја критикуваа за чипката дека биле провладини. Демек, независното „Дојче Веле“, па кредибилно ќе оценува кој е провладин, а кој не. Според таа логика, не е важно дали и Меркел ќе излезе на прес конференција во бурка или танга, битно е само да ги слуша наредбите „од горе“, нели?

За среќа, сеуште не служи меморијата, па една невешта фотомонтажа од Меркел во бурка заврши со јавен скандал и казни за телевизијата која го објави тоа. Или, тоа е „у року службе“?

Ќе се согласам со Блажевска и по однос на тоа дека чипката, колку и да била невкусна, изгледала провинцијалски и под секоја норма на медиокритетско однесување, и не е пресудна за квалитетите на еден човек. Но да не се лажеме, може многу и да каже за афинитетите на истиот. Нејсе, Кате смета и дека не е важно дали обвинителката знаела да чита, колку била спремна за јавен настап, и дали ги научила бројките од извештајот на институцијата која ја води. Демек, бројките се менувале.
Ама, нели извештајот е конечен збир и сумаризација на работата за одреден период. Тие бројки не се подлежни на промена, туку се констатирани. Впрочем и Катица, самата кажа во Собрание, иако повторно одбиваше да дополни било што во врска со истиот, штур и празен извештај.

Но, извештаите за работата на СЈО не се и толку тема на текстов. Темата е, како сега Кате ќе ја брани Катица пред покровителите од „Западот“?

Сега кога се што Кате напиша, Катица го поплука.

Напиша и дека:
– „Нејзината „елоквентност“ не се цени во ничиј тв -дневник, туку во судница. Таму каде што се презентираат доказите, каде се образложува обвинението. Тоа е нејзиниот терен.“

И, би судница, и видовме „елоквентност“. Првото соочување со доказите и судот,Катица и Фатиме заработија казна од по 2.000 евра. Бидејќи, елоквентни нели?

Како сега ќе го објасни Кате, уличарското однесување на Јанева и Фатиме? Како ќе објасниш, како ќе го оправдаш поведението на Фетаи која пред камерите изјави дека „држела час по глума“ во судница. Демек, глумела непристрасност?

Како ли соросоидната булумента, ќе си ги оправда парите?

За Кате не се сомневам, дека повторно ќе бидат виновни „субверзивните медиуми“ кои пишувале за чипката на Катица. Не се сомневам и дека повторно ќе биде виновен некој кој исто така се однеувал, ама не бил обвинител.

Само, едно е да се обидете да оправдате некого, и можеби и ќе успеете, онаму каде што никој не знае за што зборувате. Но реалноста е сосема поразлична.

Не постои досега преседан во Македонското правосудство како овој на правно неспособните лица вработени во СЈО.

Замислете со која правна инферорност, нестручност и хистерија се соочуваат во моментите кога соочени со она што им е вистинска обврска ја губат контролата врз себе. Хистеријата и арогантноста која произлегува од нивното работење се должи единствено на шестките на факултет, и ништо повеќе. Измислени се флоскулите дека тие биле под некаков притисок, дека им се попречувала работата. Не постои такво нешто.

Сите знаеме како беше уапсен Едмонд Темелко. Непопречено. Противзаконски. Уште се сеќаваме на „отвори, отврои, отвори…“. На упадот во УБК со асистнција на насилници и полицајци вработени од Спасовски.

Шестките, Кате. Тоа оправдај го.

Ова за чипките, интервјуто, драмата, тоа остави.

Објасни како правно неписмени, процесно инфериорни и хистерични драма кралици се изборот на покровителите кои и тебе ти даваат плата. Тоа обиди се да го објасниш.

Мене не, за мене само твојот потпис на текстови од Дојче Веле и доволен доказ за нивото со кое располага „западното“ општество.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This