March 28, 2024, 11:43 pm

КОЛУМНА НА ОЛИВЕР АНДОНОВ: Повторување на историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како по некое злокобно правило за Македонија и Македонците во последните 200 години историјата се повторува циклично на периоди од по 30-40 години, а потоа на секои 100-110 години со клучни настани кои оставаат траен белег врз Македонија и врз регионалната геополитика, а особено врз колективната меморија на Македонскиот народ и сите кои живеат на оваа парче земја. Потоа повторно следува период на засилена недоверба кон Европа и соседите и внатрешни пресметки и пак борба одново да се издигнеме.

Секогаш кога требало да се одлучува за Македонија и Македонците тоа го правеле големите европски сили, некоја друга голема сила или соседните држави под патронат на големите сили, но никогаш тоа не го правеле Македонците.

И еве повторно на повидок е повторување на историјата, а само будала три пати се удира од исти камен и неможе да ги препознае законитостите на регионалните геополитички случувања, или пак тоа го прави намерно, односно предавнички. Очигледно е дека владата на СДС-то и Заев постојано се удираат во камен, но болката ќе ја почувствуваме ние како народ.

Повторно се собраа трите соседи (овој пат членки на ЕУ) и со поддршка на високи претставници на ЕУ во Солун разговараат за Македонија. Исто како и пред 105 години кога по овие нивни „разговори“ за Македонија и реформите во тогашната Отоманска империја се распарчи кутра Македонија. Се наликува на нов „Балкански сојуз“. И повторно Македонија не е на преговарачката маса за рамноправно да членува во тој сојуз. Повторно во следната фаза ќе се вклучи некој четврти или петти регионален играч (тогаш тоа беше Романија, односно Италија или Европа формирајќи ја Албанија). И сега Заев сака да не реформира и редефинира, очигледно по мерка на други, а не според потребите на Македонските граѓани.

Сето ова е легитимно во меѓународните односи, бидејќи државите се меѓународно правни субјекти и политичко-општествени организации кои со сите средства се борат за остварување на своите национални интереси. Но, основното прашање кое се поставува и кое всушност бара отворено, чиста и без ракавици регионална геополитичка наализа е: „Каде е тука Македонија и што нејзината власт прави за да се зачуваат националните интереси на Македонија и Македонскиот народ“?

Оваа анализа може да се направи само со компарација на конкретни активности и случувања којпретставуваат индикатори на состојбите во Републикиа Македонија, а што има влијание врз поведението на регионалните актери, глобалните актери и особено ЕУ.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски како Премиер на никогово соседството не му паѓаше напамет да организира средба на највисоко ниво на која ќе се расправа за Република Македонија и уште згора средба поддржана од претставници на ЕУ, а да на неа нема претставници од Македонија. Тоа беше така од две причини, прво – што Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ имаа изградено цврст став и однос во меѓународната заедница, особено во регионот и беа респектирани како политичка сила и личност со став и национална цврста определба и патриотизам и второ – затоа што сите од надвор (особено соседите) беа свесни дека државата Македонија на чело со коалицијата „за подобра Македонија“ ги обединуваше најголемиот дел од граѓаните околу основните и клучни државни и национални ин тереси. Поаѓајќи од овие причини, на соседите пред се, им беше јасно дека нема да им успее ваква политичка авантура и дека во очите на ЕУ и големите сили ќе испаднат анахрони и смешни.

За жал, сега имаме поинаква ситуација. За оваа состојба многу говорев и јас лично, но доколку се вратите наназад само десетина месеци, пред изборите во Декември 2016 ќе се потсетите на зборовите на Груевски и јавно декларираната во сите аспекти национално определена политика на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што може да ни се случи доколку Заев формира влада.

Ете, Заев како што го дал Господ „Црпнат“ формираше влада и само месец и половина подоцна можеме да ги видиме неговите реформски резултати. Очигледно е според однесувањето на нашите соседи и ЕУ дека со тоа што го виделе во неговиот ум (дали воопшто има ум и разум???) и гледајќи го неговиот непатриотизам (нели впрочем и самиот кажа дека ним од СДС не им личи да бидат патриоти), неговата неконзистентна трчи-лажи удварачка меѓународна политика и внатрешна политика  заснована врз идејата за лично богатење, истите тие соседи се решиле да тргнат во повторување на историјата, а со единствена цел: „Еднаш засекогаш да го затворат и според нивни мерила да го решат Македонското прашање“, отворено поради нивната грабачка политикаи никако да се затвори дури и во услови кога постои меѓународно правен субјект Република Македонија.Во реализацијата на идејата за нов „Трилатерален Балкански сојуз“ на кој на свој начин активно ќе се приклучи и Албанија (всушност веќе ја имамае Тиранската платформа како искажување на целите на Албанија) сесрдно помага нашиот Црпко кој лажно се претставува за Премиер, поддржан од узурпаторите од ДУИ.

За разлика од Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ која имаше цврста национална политика и економски развојно ориентирана, СДС-то со Заев на чело на државата се однесуваат како колективно да се Црпнати (видете го настапот на Тевдовски во Собранието, „шармирањето“ во меѓународните односи на Димитров или огромните успеси на МВР кои за еден месец успејаа да го извадат фазмозниот мерцедес од гаражата или на оној Рашковски кој бара тајни дописи во рамки на секретаријатот на Владата со кој самиот раководи и многу други „успеси“ и претставување на државата). Токму поради овие показатели ни се случува трилатерална средба на највисоко ниво на соседите на Македонија со поддршка на високи претставници на ЕУ. Треба да ни биде јасно дека службите на сите наши соседи, на сите регионални и глобани актери не се занимаваат само со формирање на резидентури и агентури во Македонија, туку секојдневно ги следат јавните политики и конкретните активности на Владата во целост, а особено на поедини нејзини членови, притоа народски кажано мерејќи им го умот и детерминирајќи ги нивните интереси, лични пред се. Очигледно е дека многу бргу од страна на нашите соседи (веројатно уште пред неколку години)е измерен умот и капацитетот на оваа влада на СДС со Заев. Затоа и побрзаа по Трст да се сретнат во Солун и да си се договорат како понатаму да го прејдат Македонскиот народ и на среден рок со здружени сили да ја деструираат Република Македонија и на тој начин да го решат „Македонското прашање“. Во оваа намера или поточно кажано нивна стратешка национална цел сесрдно им помага Заев со колективот на анти патриоти и црпнати од СДС-то.

Тоа што за жал не очекува во иднина е нестабилност, неизвесност и посилни негаторски изјави од трите соседи, а внатрешен притисок за редефинирање на државата мотивиран од четвртиот и петтиот сосед. Сите тие имаат свои клучни национални интереси и ќе покажат максимална тенденција за нивно остварување. Национални интереси има и Република Македонија и Македонскиот народ, но нив ниту ги знае, ниту ги препознава, ниту пак го интересираат СДС и Заев, а не пак да ги остваруваат. Нивниот интерес е како да заработат од државата, а на грбот на народот некој тендер повеќе. За нив тоа е највисок интерес. Се потврдува моето тврдење дека СДС не си ја сака државата и таа за нив претставува само гол финансиски интерес и се друго што зборуваа се само флоскули и збир на празни ветувања.

Токму оваа го имаат препознаено и анализирано и соседните ни држави и регионални и глобални актери и затоа преземаат мерки за брза реализација на нивните интереси. Кога нема кој од позиција на власт да ја заштитува државата и внатрешниот раздор е постигнат по повеќе нивоа тогаш е најдоброто време за уривање на државата. Уште згора на тоа и ако имаме безидеен Заев и СДС поддржан од разни асоцијални групи со чија поддршка долгорочно може да се урне традиционалното Македонско општество и перцепција за држава и утврдени конзервативни базични човекови и Христијански вредности, тогаш патот кон решавање на „Македонското прашање“според нивниот терк е отворен и тоа не на долг период, туку за многу брзо време, односно додека може да го одржуваат Заев на власт тоа треба да го сработат.

Оваа кратка анализа на влијанието на внатреполитичките случувања и владеењето на СДС-то врз однесувањето на регионалните актери и креирањето на регионалната политика само ја покажува насушната потреба од етнополитичка мобилизација на сите граѓани на Република Македонија втемелена врз Македонската нација (бидејќи сите ние сме Македонци без разлика на етничкото потекло и треба да се обединиме околу Македонската нација) кои си ја сакаат татковината и на кои им е животно важно Република Македонија да опстои. Потребата е видлива, бидејќи тие кои по функција треба да ја штитат државата и да се грижат за зачувување на националните интереси и со тоа и за безбедноста на граѓаните тоа не го прават. Луѓето на Заев и тој лично се зафатени со други лични и персонално-политички прашања, немаат време да се погрижат за државата и нацијата, па тоа го оставаат на нашите соседи и бирократите на ЕУ, а тие очигледно знаат што треба да работат и добро ги читаат знаците на времињата и знаејќи со каква власт во Македонија си имаат работа брзаат да ја зграбчат шансата.

Доцент д-р Оливер Андонов

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This